УЧИТЕЛ И ПЕДАГОГ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:150:"ПоранотиештосебунеапротивспоменицигипраќаанаГолиОток.Сеганегипраќаат

    1 Во 2001 година недоветната држава ја изгуби војната со УЧК. Со пречекот на Јохан Тарчуловски како национален херој, државата се обидува да се оправда за недоветноста. Дванаесет години по војната и по осум години одлежан затвор на единствениот осуден за воени злосторства од таа војна, ние сега треба да се чувствуваме подобро. Да го заборавиме Љуботен. Но да ги заборавиме и Вејце, и Бриони, и киднапираните Македонци, и малтретирани работници. И да ја заборавија амнестијата што ја изгласа Собранието за тие злосторства.
    Завчера, со спектакуларниот пречек на Јохан си се утешивме што ја изгубивме војната во 2001. Иако перцепцијата на Трибуналот во Хаг и на целиот свет е дека македонската држава правела зулуми бранејќи се од терористи на УЧК, ние си докажавме дека Македонија не е злосторникот. Ете, затоа на државата $ требаше спектакуларен пречек. Затоа што во Хаг државата која се бранеше беше осудена, а агресорот беше амнестиран.
    Имаше дури и огномет среде бел ден. Може требаше да се најде посоодветен начин за да се искаже неправдата која ја чувствуваме.
    2 Имам две мали деца што одат во основно училиште, и искрено да ви кажам, кога доаѓа време да се пишува домашно, се чувствувам како Филе. Дома јас сум еврокомесарот. Прво учтиво прашувам: “Ти напиша домашно? А собата зошто не ви е средена?”. Потоа, кога ќе почнат да се правдаат и вината да си ја префрлаат еден на друг, барајќи јас да оценам кој е во право, морам да свикам: “Не ми е гајле кој прв почна. Ти оди да пишуваш домашно, а ти среди ја собата. И двајцата измијте си ги забите пред легнување!”
    Ама јас си имам работа со деца. А Филе во вторникот имаше работа со возрасни луѓе. Башка пратеници. Избрани од народот да работат за народно добро.
    Еврокомесарот само дојде да праша: “Дали ја напишавте домашната задача што ви ја дадов пред еден месец?” А тие се правдаа зошто не напишале и кој е виновен за тоа. Му раскажуваа кој ја затворил вратата, кој кого фатил за рака, кој кого исфрлил од салата… И на Филе му пукна филмот. Им рече: “Напишете домашна и јавете се”.
    Ама во училиштата лошите ученици не завршуваат кај учителот. Најсериозно е кога ќе ги пратат кај педагогот. Педагогот ќе дојде во вторник. Филе ги искара. Ама Ештон ќе донесе педагошки мерки.
    3 Во официјалното соопштение од последната рунда на пристапниот дијалог на највисоко ниво меѓу Македонија и ЕУ стои дека комесарот Филе и премиерот Груевски се согласиле дека треба да се постигне “договор за меморандум за разбирање за заложбата на сите партии кон евроинтегративниот процес”.
    Уф. Како ова тешко го срочиле. Чекај малку. Што значи во превод овој дел од соопштението? Дека партиите треба да потпишат некој меморандум со кој ќе се обврзат дека нивниот приоритет е евроинтеграцијата на Македонија.
    Ова треба да го потпишат истите партии кои веќе 22 години ни ја пукнаа главата со ЕУ и на кои евроинтеграцијата им е во првата реченица од сите изборни програми.
    Е па нам главата ни ја пукнаа. Ама домашно не напишаа. А ЕУ па, како за инает, сe повеќе бара домашните да бидат напишани.
    По 22 години независност, идат разни бирократи од Брисел и им викаат на нашите лидери: “А бе вие сакате држава?” А они им одговараат: “Да де. Сакаме, како не”.
    Е па ако сакате, кога ќе ја направите?
    4 За 22 години се промени само еден збор во владеењето со државата. Порано се викаше едноумие. Сега се вика партократија.
    Порано тие што се бунеа против споменици ги праќаа на Голи Оток. Сега не ги праќаат.
    5 Перо Гошев си даде оставка. И Љубчо Георгиевски си даде оставка. И Циле си даде оставка. И Ристо Пенов си даде оставка. И Јово Манасиевски си даде оставка. И Бучко си даде оставка. И Радмила си даде оставка.
    Само Бранко не даде оставка. Јаневски. Бранко Јаневски од СДПМ.
    И Черчил си даде оставка. И Де Гол си даде оставка. Ама тие се државници. И не чекаа шест пати да ги тепаат на избори и половина држава да ги моли за оставка. Само нашиот државник чека Груевски да падне, па и тој да си оди.
    6 На овие избори откривме многу работи. Кој имал многу станови. Кој имал многу катни гаражи и паркинзи. Кои министри знаеле дека има соживот, а кои откриле дека нема. Кој треба да е среќен што не е во затвор. Кој кого вработил.
    Ама најважното откритие беше дека жените од Пустец имаат најскапоцен мираз. Имаат бесплатен паркинг во Центар.
    7 Владата предложи закон со кој ќе се забрани циркус во кој ќе настапуваат животни.
    Законот доаѓа точно навреме. Животните навистина беа нелојална конкуренција на луѓето во изборниот циркус.
    8 Слушам дека ќе се поништи изборот на новиот папа. Се открило дека многу кардинали што гласале биле од Пустец.
    9 За новата тура од четириесетина споменици низ Скопје немам што да кажам. Делата зборуваат сами за себе.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира