УЧИТЕЛКЕ НАЈСАКАНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:60:"Резултатисега,директориведнаш

    1 Завчера се пукало речиси еден час кај скопската улица Дижонска. Се крена цела полиција. На местото на настанот први беа високи офицери на МВР.
    Потоа објавија дека имало свадба. Сигурно имало многу гости од странство што плаќаат по 20 евра за рафал. Весела држава. Пукаме од среќа. Офицерите на МВР во свечени униформи на веселбата можеле да се приклучат како сватови.
    Полицијата прво неофицијално јави дека пукотниците доаѓале од празна куќа.
    Ако од празна куќа се пукало цел саат, тогаш од полните куќи не чекаат пукотници уште многу години.

    2 Таксистите во Скопје не бараат ништо, освен да и плаќаат данок на државата. Значи полицијата треба да ги запира дивите и да ги остранува од сообраќај.
    Ама кого смее полицијата да запре? Само тие што не врзале ремен и не возат со запалени светла. Ама и дивите таксисти ја сфатиле финтата. Возат со ремени и светла.

    3 Пратениците освен предвремено пензионирање, бараат ем да им се плаќа дневница, ем во Собранието да јадат без пари. Плус, ако сакаат да живеат во Скопје, треба да им се плати и селидбата. А ако се сами, им се плаќа и додаток за одвоен живот. На сето тоа, бараат пари и да се дошколуваат.
    За кого сме гласале ние? За необразовани и незгрижени. Туку дај кога веќе им даваме толку пари, на секој да му исплатиме и по 100 евра месечно. За курва. За да не бидат фрустрирани.

    4 Новата американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ допатувала во Македонија на 1 септември.
    На почеток на школската година. На нашите политичари им заврши забавиштето кај Батлер. Кај Џилијан ќе тргнат во прво одделение.
    Можеби и ќе и пеат “Учителке најсакана”, ама ќе си го бараат Батлер. Оти во прво одделение треба и домашни задачи да се пишуваат.

    5 Во сите градови царува урбаната мафија. Секој дожд е елементарна непогода оти се е поплавено. Се давиме во ѓубре. Зеленилото е уништено. Семафорите не работат…
    Локалните изборите беа во март. За половина година, новите градоначалници успеаја да го решат најгорливиот проблем. Да ги сменат директорите на училиштата.
    На изборите, здружената опозиција одеше со слоганот: “Резултати сега!”. По изборите слоганот е “Директори веднаш!”.
    Груевски завчера изјави дека бил задооволен од работата на градоначалниците што беа поддржани од опозицијата. Значи дека добил доволно директори.

    6 Се сеќавате на Филип Петровски од Куманово? Беше еднаш по грешка генерален конзул во Њујорк. Па го вратија.
    Е тој Филип пред некој ден држеше прес конференција. Зборуваше за предложениот закон за надворешни работи. Го критикуваше аматеризмот во македонската дипломатија.
    Ако тој можел да стане конзул во Њујорк, зошто да не може да го критикува законот.

    7 Жителите на Танушевци, Брест и Малина маала се заканија дека ќе ги блокираат приодите кон нивните села, ако командант Бреза не биде амнестиран како Агим Красниќи. Братот на Бреза им порача на полицајците: “Тие многу добро знаат што може да ги снајде ако без дозвола влезат во селата!”
    А што може да ги снајде? Да бидат натепани, ама не толку колку што е соодветно за такви ситуации, како што ги натепа Красниќи четворицата полицајци кај Кондово. Или, овој пат ќе ги тепаат соодветно.
    Тој се закани дека ако за половина месец пратениците не најдат начин да го амнестираат Бреза, селаните ќе дојдат на протести пред Собранието, во Скопје.
    Вујкото на Али Ахмети Фазли Велиу му ветил на братот на Бреза дека функционери на ДУИ преку Министерството за правда ќе испитаат дали се точни обвинувањата против Бреза.
    Значи, Бреза може да се спрема за одмор. Штом вујче решил да го пушти, Бреза ќе се реши институционално. Исто како со Красниќи.
    Само, дај судството да си се прогласи за независнона време. Нека ја повлечат потерницата и за Бреза одма, за да не ги гледаме пред Собрание и да не се мачиме со блокади.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира