УГЛЕДНИ АДВОКАТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:78:"Немигокрадисрцето,немијапарајдушата

    1. Ја утнавме работата. Нели паролата одеше: Македонија нема време за чекање! А не чека – Словенија. Кога постои опасност да се налути Слободан Ми­ло­­ше­виќ, време може и да се најде. Зошто да брзаме со реакција на секоја новина од Белград, кога знаеме дека тоа ќе го сторат Словенците?
    На најновата уцена на Милошевиќ, за признавањето на Босна Запад на новоскроената СР Југославија да ѝ го признае меѓународно правниот и економски континуитет, веднаш реагираше министерот за надворешни работи на Словенија, и тоа со писмо до американскиот државен секретар Ворен Кристофер. Колку да се знае навреме.
    И нашиот став е идентичен со словенечкиот. Ама, што фајде кога ни е добар само за по дома. Досега неколку пати е повторено дека, ако на Србија и Црна Гора им се признае меѓународно-правниот континуитет на старата СФРЈ, Маке­до­нија како сецесионистичка држава во иднина би можела да ја доживее судбината на Кувајт. Или, на Чеченија. Не за џабе и официјален Белград инсистира на она “бивша југословенска република …”
    Не е проблем нашиот став кон тоа прашање. Не е проблем дури ни кога го слушаме нивниот министер за надворешни работи Владислав Јовановиќ како зборува за континуитетот на СРЈ како услов за признавање на другите држави што настанаа од СФРЈ. Проблемот е во тоа што сега Милошевиќ го става тоа прашање како услов во преговорите. Проблемот е во тоа што светот сé повеќе наседнува на неговата игра и тоа може лесно да го проголта како замена за мир во Босна. Без разлика што и после тоа мир во Босна нема да има. И конечно, пробле­мот е што на оваа прва официјална изјава на оваа тема на балканскиот господар на војната, никој од македонските официјални личности не изреагира навреме и јавно. Колку да се знае.

    2. Мал, но значаен чекор кон изградбата на современо општество, во кое ќе се почитуваат сите можни човекови права, направија – кој друг, ако не правниците. И тоа кремот на правниците – адвокатите. Тие многу водат сметка за нивниот углед. Во нивната комора, како што им налага законот, се примаат само луѓе што уживаат углед кај средината.
    За да нема забуни, претседателството на Адвокатската комора донесе некакви препораки, во кои, во членот 2, се кажува кој не ужива углед и кој не заслужил да го примат во друштво. Така, според претседателството, ќе се смета дека не ужива углед “лице кое е постојанен консумент на алкохол, хомосексуалец, или лице што е казнувано за прекршоци против јавниот ред и мир”.
    Во препораките недостасува член што ќе ја регулира материјата како адво­кат­и­те ќе испитуваат кој е хомосексуалец. Дали тоа ќе го направат со две различни комисии, една машка, една женска, во којашто избрани луѓе ќе треба да се жртвуваат за угледот на професијата и на секој што ќе изрази желба да се запише во Именикот на адвокатите ќе му се “пуштат” на хомосексуална основа? Па, од реакцијата на кандидатот ќе оценат дали да го примат во друштво или не.
    Во препораките не е регулирано дали адвокатот ќе биде од углед ако, не дај боже, како странка му се појави хомосексуалец и овој му направи услуга. Или, угледот ќе му порасне, ако јавно изјави дека за такви не е потребна одбрана. Сето тоа е во рамките на уставно загарантираните права за приватност, а адво­катите се тие што ќе го почитуваат Уставот.
    Сега ми е јасно зошто судиите немаат углед. На фудбалски натпревари пуб­ликата скандира: “Уа, судија – педер!” Тоа адвокатите нема да го дозволат. Во препораките недостасува само уште едно допрецизирање што подразбираат под немање углед во средината: Педер – како слобода на личен избор!? Или, педер како – карактерна особина!?

    3. Велат дека покојникот повеќе не е сопственост на семејството. Според новиот закон за трансплантација на органи на човечкото тело покојникот автоматски станува сопственост на државата. Затоа што по смртта можат  да ти ги извадат органите што им требаат без никого да прашаат.
    Ако некој не сака кога ќе умре да му се вадат органите, ќе треба додека е жив да напише такво барање. Препорачливо е ливчето со изјавата да си го носи цело време со себе. За не дај боже. Овие изјави можат да бидат многу интересни.  Како песнарка на љубовни новокомпонирани песни. На пример, можеш да им напишеш порака на лекарите: “Моите очи не се за друг!” Или, “Не ми го кради срцето, не ми ги парај градите”. Ќе има и материјал за проза. Како на пример: “Бубрегот не ми функционира баш најдобро!”
    Во секој случај може да се направи добар бизнис. Ако веќе не можат да ти ги земат органите, ќе имаат инспирација за стихови за некој фолк-фестивал.

    4. Грчкиот “Елефтерос типос” пред некој ден објави дека претседателот Глигоров во Атина го испратил својот политички советник да го пребара центарот за да најде седиште за идната македонска амбасада. Зградата требало да биде во неокласичен стил, да биде забележлива и, како што дознава весникот, да се наоѓа во центарот, со јаки грчки елементи, блиску до православната црква. Уште велат дека македонските претставници рекле дека нема економски проблеми за цената, што нас тука особено нé израдува, бидејќи дознавме дека сме богати.
    Грција го нема нашиот проблем. Таа веќе си има забележлива зграда, со јаки грчки елементи, во центарот на Скопје, а и православната црква не е далеку.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира