УЖИВАНЦИЈА ВО ФРАНЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:191:"Штоеважнонакојјазикзборуваатпратеницитеиимодговараатминистрите,когаионакатропаатглупости

    1 Разумен компромис си е разумен компромис. Малку Македонците незадоволни, малку Албанците незадоволни. И така во Македонија се прават владите веќе 20 години.
    Актерите се исти. Само си ги менуваат улогите. Да се скинеш од смеење, оти дојде време ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за популизам. Рада му продава македонштина на Влатко Ѓорчев.
    Ајде нека не н малтретираат веќе со истрошени теми. Да ги потсетам. Ова лето ќе славиме 20 години независност и 10 години Рамковен договор. Историјата не можеме да ја вратиме. Готово е. Таа приказна заврши. Треба веќе да се прави држава.
    Во 1991 година тргнавме кон светлата иднина. Во 2001 година се испотепавме за двојазичност на таблите. А во 2011 година уште не можеме да најдеме заеднички јазик.
    Е па по 20 години независност веќе нема место за оправданија. Ниту за ВМРО-ДПМНЕ ниту за ДУИ. А и СДСМ, ако сака да се врати на власт мора да почне поинаку да контрира. Не знам дали се слушаат што зборуваат за употребата на јазиците, ама мислам дека и самите не веруваат во своите зборови. Конечно, што е важно на кој јазик зборуваат пратениците и им одговараат министрите, кога и онака тропаат глупости. Ако имаат нешто ептен паметно да кажат, а камоли да направат, на кој било јазик да го кажат, сите ќе ги разбереме.
    Ако и по 20 години независност уште се расправаме кој јазик со колку проценти и каде ќе може да се зборува, ние дефинитивно ја заслужуваме наградата “тотален губитник во регионот”. А и пошироко.

    2 Ние Македонците како уште да не сме свесни дека тука сме за да останеме. И дека не чекаме некој пак да н пороби за да н стави во ред. Туку треба сами да си се мачиме. Да си ја носиме одговорноста за себе. И да си направиме држава во која ќе си бидеме среќни.
    Знам. Тешко е така да се размислува во заедница во која ни куќен совет не може да се направи без да се искараат станарите оти некој користел лифт, а некој не, ама за наша жал, развиениот свет така функционира. Седнуваат, се договараат, и си плаќаат така како што се договориле. И само така се свои на своето.
    На еден амбасадор уште и мајтап му играа оти рече дека ако не можеме да влеземе во ЕУ преку врата, да се обидеме да влеземе преку прозорец. Ние што правиме триумфални порти ќе се протнуваме низ кепенци!?
    Човекот само најдобронамерно сакаше да ни нацрта. Баталете го името, тоа е политичко прашање. Подобрете си го животот дома. Тоа никој од надвор не може да ви го направи.
    Кога ние би биле демократска држава со завиден стандард, ЕУ со боринче би н барала. За да им ги покриваме долговите на нивните членки.

    3 По повторното читање на стариот закон за амнестија излезе дека случајот “Водството на ОНА” не е хашки случај. Оти ако се судеше водството на ОНА ќе требаше да се води процес против цело раководство на ДУИ. И ќе останевме без Влада.
    Нејсе. ДУИ го доби и местото директор на Шумската полиција. Од шума дојдоа, шумата ќе си ја чуваат. Сега ќе можат дури легално да носат и оружје. Па и да припукаат ако треба. А не да пукаат само по свадби.
    Наравоучение: С ќе си дојде на свое место. Само човек треба да има трпение. А време има колку сакаш.

    4 Имам едно прашање до ВМРО-ДПМНЕ. Што подразбираат тие под апсолутистичко владеење? Да знаеме. Оти ако ова што го прават со Законот за радиодифузија не е апсолутизам и тоталитаризам, тогаш барем да знаеме што е.

    5 Македонско име нема да загине. Кога ќе се чуе за нас, надалеку се слуша.
    Како на пример во Франција. Каде што Македонската опера и балет требаше да отворат фестивал во амфитеатар со публика од 1.000 луѓе. Кои будали платиле 60 евра за да ја гледаат и слушаат “Кармина Бурана” во изведба на македонски уметници.
    А овие не настапиле оти се разбиле во групи. Биле сместени на различни места и завршиле кој на плажа, кој на шопинг, кој во кафеана. Не настапиле оти биле уморни од патот и немале добро сместување.
    И така 1.000 луѓе од јужна Франција, некои мештани, некои туристи, од кои сигурно повеќето не ни чуле за Македонија, сега ја запознаа Македонија во вистинско светло. Дека имаме уметници со достоинство. Оти во Охрид на Долни Сарај немаат ни гардероба ни тоалет да се измочаат, ама Французите им го згазиле достоинството.
    За секој уметник, претставата е светост. Играат со смртни случаи во семејство, со скршени раце, со 39 температура… На крајот на краиштата, уметникот за тоа постои. Тоа што го знае, да го видат другите и да кажат дали вреди. Посебно што на меѓународен фестивал, и тоа на отворање, афирмираш и земја и култура и традиција…
    А нашите ѕвезди поминале 2.500 километри, си ги воспалиле грлата од пиење пиво по пат и си се вратија во Скопје навредени и искарани меѓу себе.
    Фино што Коце Трајановски им направи плажа на 50 метри од Операта. Да не мора да одат до Франција на плажа. Нека си се сончаат на Коцекабана. Да сум на местото на градоначалникот на Скопје сега ќе распишам тендер за тезга со кроасани. Наместо 150 музичари, оперски пејачи и балерини и балетани да го губат достоинството во јужна Франција, нека си седат гордо на лежалките на брегот на Вардар.
    А министерката Бети нека распише аудиција. Оти ние им плаќаме и за платите и за инструментите со кои свират по приватни тезги. А богами ќе ја платиме и казната од тужбата на организаторот од францускиот фестивал. И картите на измамената публика.
    Така да ми плаќа с некој друг, и јас би уживал на плажа во Франција.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира