ВАКУУМ ПРИТИСОК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:147:"НаГруевскиинаАхметидуринистотеденаодВладатанеимсепогодијавоистден

    1 На телевизиите се вртат поучни спотови за успешни бизниси. Тече кампањата за поттикнување на претприемништвото и ни откриваат како настанала и како се развила рентакар компанијата “Авис”, како е создадена социјалната мрежа Фејсбук, како компанијата “Дел” го изградила компјутерското царство…
    Владата ни ја открива Америка. И уште неколку примери од Велика Британија, Германија, од Јапонија… Откако ќе ни ги раскаже успешните приказни, оди слоганот “Осмели се!”. И “Направи го првиот чекор”.
    Ај нека замисли Никола Груевски, кога не би бил премиер, да се осмели и да отвори своја приватна фирма. Ама да ја води според сега владејачките стандарди за водење бизнис во Македонија.
    Не е проблем да се осмелиш. Не е проблем и да го направиш првиот чекор и да започнеш свој бизнис. Проблем е ако ти тргне бизнисот. Па и ако на некој од власта му се бендиса твојот бизнис. Па кога ќе го направиш вториот чекор, ќе се смени власта и ќе дојде другата партија. Ќе направат нивна партиска нелојална конкуренција на твојот бизнис. А тебе веќе во третиот чекор ќе те сотрат со инспекции. Осмели се. Побарај поврат на ДДВ.
    Можеби затоа и сите примери во владината кампања за успешни приказни се од странство. Оти ако основачите на “Авис”, Фејсбук и на “Дел” се осмелиле да започнат бизнис во Македонија, досега веќе одамна ќе го имаа направено првиот чекор за успешен бизнис. Ќе се отселеа во Америка.

    2 Уште ја чекаме Владата во сенка која ја најави лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Извори од партијата деновиве брифираа дека владата во сенка не може да се состави поради притисоците кои власта ги прави врз нивни истакнати функционери и врз интелектуалците што сакаат да и се приклучат на опозицијата. Сепак, велат дека не се откажуваат од идејата за влада во сенка, но проектот го одлагаат за одреден период.
    Сиромашките тие. Им се виде многу работа, и си најдоа оправдување да одмораат. Поработеа два дена и си рекоа: ‘Што џабе да се мачиме, кога овие ВМРОвците с уште се на власт?’ Замислете, им вршеле притисоци на нивните функционери, и затоа сега не можат да работат. А што мислеа тие? Како мислат да дојдат на власт ако им е страв да кажат нешто против ВМРО? Што чекаат? Народот да се самоорганизира да ги донесе на власт?
    Ќе се правдаат после дека Никола Груевски не владее туку спроведува режим. И затоа тие ќе ја замрзнат својата работа во одреден период. Тој одреден период е додека Бранко не е вечен.
    Не знам само зошто си најдоа оправдување дека и интелектуалците што сакале да им се придружат се плашеле од притисоци. Што ќе им се интелектуалци додека им е Бранко таму? Нека си бараат мангупи. И онака се идеален спој на кафеански револуционери и салонски интелектуалци.
    Башка, кој прави Влада во сенка, а доаѓа зима? Ќе им студи.

    3 Го следам судењето на осомничениот за убиство на Мартин Нешковски и си викам: Како ревносно бранат обичен полицаец, за кој велат дека не ни бил на должност, Бранко така ни министрите не си ги бранеше.
    И после се чуди оти се плашат да му влезат во влада во сенка. Имале притисок.
    Не ќе да е до притисокот. До вакуумот ќе да е.

    4 Премиерот Груевски ги одбележа стоте дена на Владата со обраќање на Фејсбук. Спомена многу успеси, ама не ја спомена амнестијата за хашките случаи.
    Лидерот на ДУИ Али Ахмети на сто и првиот ден од Владата, како најголем успех се пофали со амнестијата за хашките случаи.
    Иста влада, а лидерите на коалиционите партнери секој со своја агенда. Едниот се обрати на македонски, другиот на албански јазик. Секој на своите гласачи. Дури и стоте дена не им се погодија во ист ден.
    Ама Македонија не е федерална држава.

    5 Германскиот европратеник со грчко потекло Јорго Шацимаркакис кога прозборе на македонски јазик во Собранието, половина Македонија и борците за името се подмочаа во гаќи од радост. Пратениците му аплаудираа небаре е позната турбофолк ѕвезда од Србија.
    После Шацимаркакис се правдаше во Грција. Напиша дека македонскиот јазик е 70 отсто бугарски дијалект и 30 отсто словенски. И дека во Скопје зборувал за јазикот за македонски на кирилска транскрипција, без да се преведува во маседониан, како што се изговара на англиски јазик.
    Значи, во Македонија зборувал на јазикот за домашна употреба. А во Грција смислил објаснување пак за домашна употреба.
    За секоја изговорена глупост може да се најде логично објаснување.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира