ВАЛКАНА ЕКСПЕРТИЗА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:296:"По20години,ЕвропакојанеможеданeпримипорадиГрција,нeучинадемократијавокојаќеимаменовинариисплашениодказни,рекетиранигаздиизамолчаниграѓани.

    1 Прво, на една конференција во Охрид, спонзорирана од Европската комисија, на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески му се испушти дека, божем усогласувајќи се со европската регулатива, Владата подготвува закон со кој во некаква рамка ќе ги стави и печатените медиуми и Интернетот. А потоа, преку провладината “Нова Македонија”, ни го соопштија и планот за декриминализација на клеветата. Висините на казните за клевета би биле 80.000 евра за газдите на медиумите, 40.000 евра за уредниците и 10.000 евра за новинарите.
    Така, под маската на усогласување со европски регулативи, Владата најде начин како, конечно, да се справи и со непослушните медиуми. Па во Македонија сe ќе биде убаво како што ќе каже информативната служба на партијата на власт, која и да е.
    Европската унија, на овој начин, станува соучесник во замолчувањето на медиумите во Македонија. Зарем мислат дека сме толку ретардирни дека секој европски бирократ со некаква нарачана презентација ќе нe фасцинира, без да сфатиме дека му читаат смртна пресуда на новинарството? Што мислат тие експерти? Дека во новинарството сме напредувале со лепење плакати или со среќа, па ќе прифатиме сe оти за подобро не знаеме и ништо подобро не може да ни се случи во животот?
    Дај да не се лажеме. Со презентации не се покрива валканиот газ на европската бирократија. Ем неправедно ќе нe држат далеку од ЕУ затоа што не сакаат да се замерат со Грција, ем како концесија за Груевски, курбан ќе одат медиумите. Па уште и ќе нe убедуваат дека тоа е за наше добро.
    Нека пробаат експертите од ЕУ со мултимедијален спектакл истиот закон за медиуми, кој со нивна помош сака да ни го подметне министерот Јанкиески, да ги импресионираат уредниците на германски “Билд”, на британскиот “Гардијан”, на шпанскиот “Ел паис”, на францускиот “Монд”, на италијанската “Ла Република”, на норвешкиот “ВГ”, на шведскиот “Афтонбладет”, на австрискиот “Кронен цајтунг”… Со истиот закон нека го импресионираат и шведскиот омбудсман за медиуми. Ако тие ја купат нивната експертиза, нема проблем, ќе ја купиме и ние.
    2 Најпатетична во оваа приказна е опозицијата, на чело со СДСМ. Мудро си молчат. Оставаат Груевски да им ја заврши валканата работа со замолчувањето на медиумите и со ограничување на уставно загарантираната слобода на изразување. Да не мислите дека тие би укинале ваков закон? Не бидете наивни. Па тие кога ќе дојдат на власт, ако воопшто дојдат, на готов и исчистен терен, ќе бидат уште полоши.
    Впрочем, да имаше Бранко Црвенковски поголем демократски капацитет од Груевски, немаше да остави и по 20 години независна и демократска држава, ние уште да се занимаваме со едно од основните човекови права за слобода на говор.
    3 Секое ограничување на слободната мисла и на слободата на изразување не е удар само за новинарството. Тоа е влез во црна дупка за целото општество.
    Зборуваме за две различни теми, ама за иста последица. Не знаеш што е полошо? Ем да се донесе закон за медиуми, ем да се се замени декриминилазцијата на клеветата со рекет кон новинарите, главните уредници и газдите.
    До каде може да оди ова со казните? Денес 80.000 евра казна за напишан текст. Утре, кога ќе им снема пари за фасадите, ќе треснат казна од 80.000 евра ако не реновираш во барок.
    И што ќе прави новинарот чиј газда ќе плати 80.000 евра за него? Ќе работи 10 години како роб, без плата, за да му ги врати парите? И која државна инспекцвија ќе го заштити во тој случај. И на кој суд ќе може да се жали? На судот на партијата?
    И каде сме стасале по 20 години? Европа која не може да нe прими поради Грција, да нe учи на демократија во која ќе ја имаме оваа состојба. Новинари исплашени од казни. Газди на медиуми исплешени од рекет. А секој граѓанин исплашен од лустрација, оти комошијата може да го направи кодош на Интернет.
    3 Да се разбереме. Апсолутно сум свесен дека дилетанти што ја окупираа нашата професија, ги кршат професионалните правила, и со тоа го урнисуваат угледот на новинарството. Виновни сме сите ние што дозволуваме тие дилетанти да ја прават сликата за нашата професија. Ама барем исто толку одговорни колку нас се сите досегашни политички гарнитури. Ниту една власт од 1991 до денеска немаше демократски капацитет да допушти, а не, пак, да поддржи слободно и одговорно новинарство. Напротив, најголемите дилетанти ја завладеаја професијата токму со партиска помош.
    4 Со новиот закон за медиуми ќе го контролирале и Интернетот. Оти таму имало најмногу говор на омраза.
    Го читаат ли некогаш предлагачите на законот Фејсбук профилот на шефот на центарот за комуникација на владејачката партија Илија Димовски? Или на пратениците и на советниците во општините? Или на директорите на јавните претријатија. Или на новинари во чии емисии редовно гостува премиерот?
    5 Всушност, политичкото лицемерие, освен со најавите за овие два закона за медиумите, всушност, неделава го доби вистинскиот лик со акцијата “Детонатор” во полицијата. Уапсен е сопругот на пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, чија посебна легендарна изјава во Собранието беше барањето со виски и кокаин да се прослави 50тиот роденден на Бранко Црвенковски.
    Ко за беља, мажот и` пред неколку години имал кривична пријава оти на диво произведувал алкохол. А во акцијата во Кочани се уапсени и осомничени дилери на дрога. Да не и` било криво на пратеничката дека Бранко не набавувал од Кочани?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира