ВЕСЕЛА ДОЛИНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:102:"Акопаднетевоалкохолнакриза,трквоАрачиновопопиво

    1 Државниот врв и сите партии се согласија дека името не го даваме и дека ќе продолжат преговорите. Ама не се согласија дали да има или да нема протести против глупавото барање и заканите на Грција.
    По протестите цел ден се караа во Собрание. На дневен ред беше некојси командант Коки.
    Луѓе… Ние ги плаќаме за тоа. И треба да им веруваме дека се кадарни да го одбранат името.
    Во расправата за одбрана на името излезе еден многу важен детаљ. Џвакаат мастики во пратеничките клупи. Камо анкетна комисија? Да открие дали изџваканите мастики ги лепат под клупа, или под стол.
    Сега ќе се отвори нова конструктивна расправа. Дали претседателот на анкетната комисија за мастиките да биде од власта, од опозицијата или според Бадинтер.

    2 На протестите пред грчката амбасада најбројни беа децата.
    И на преговорите за името доминираат децата. Министерот Милошоски и преговарачот Димитров заедно имаат две години помалку од грчкиот преговарач Василакис. За да го стигнат Нимиц ќе треба да им се придружи и Груевски.

    3 Оли Рен пак има нешто да каже. Се виде со Бранко и порача дека мораме до 6 март да ги завршиме преговорите со Грција за името.
    Што врска има комесарот за проширување на ЕУ со билатералните преговори меѓу Македонија и Грција пред самитот на НАТО?
    Човекот изгледа престанал да го слуша Сибелиус. Па станал прогнозер.

    4 Зошто се чудите кога министрите се фалат дека работат дење ноќе? Не е за чудење. Смислуваат европски закони. Покрај многу закони што не се почитуваат, Владата пред некој ден смисли уште еден кој нема да се почитува. На сите маки што ги има Груевски, му остана уште законот за продажба на алкохол. После 7 навечер нема да може да се купи во продавници. Овој закон ќе се носи, пред сѐ, за да се заштитат младите.
    Со новиот закон децата нема да можат да пијат кога ќе излезат навечер. Ќе мора да се напијат додека се во школо. Или, веднаш после школо. Оти директорите и на Просветната и на Пазарната инспекција и при сегашниот закон што строго забранува продажба на алкохол на малолетници, на Народниот правобранител му рекле дека не може да седат пред гранапи и да контролираат.
    Тогаш како ќе контролираат со новиот закон?
    Толку ефикасна мерка против алкохолизмот кај младите не би му текнала ни на Хари Костов. Се сеќавате кога воведе полициски час зошто 17 годишно момче загина во тепачка после полноќ пред кафеана? Па од кафеаните, ги избрка децата на Водно.
    Децата пијат пред гранапчиња, се дрогираат во школски дворови, кога ќе пријавиш во полиција ти бараат да се идентификуваш и сега одеднаш истите деца ќе треба да се исплашат оти ќе се донесе страшен закон. Тоа го нема ни во цртан филм.

    5 Без грижа. Дури и да профункционира законот, ако ви дојдат ненајавени гости, а немате залиха дома, не очајувате после седум.
    Ќе ги полниме со пари тие на кои државата ништо не им може. Ќе си купуваме алкохол во Чаир. Ако ептен згусти, ни Арачиново не е далеку.

    6 За половина година истекува половина мандат на Груевски. Добивме нови празници, Македонија стана верска држава, премиерот прати две три писма, вети дека ќе изгради неколку стари згради, цркви и џамии, стотина нови фискултурни сали, аеродром во Штип…
    Да не заборавиме. Ги покачи државните плати и пензиите. Со кредитни картички дозволи сите да одат во минус по две три плати. Ама, во меѓувреме нема ново производство, нема нови вработувања, а ги нема ни Ташковиќ ни Самак со инвестициите.
    После ќе се чудиме зошто имало девет отсто инфлација.
    Во вториот дел од мандатот Груевски ќе мора да смисли нешто многу пооригинално отколку вадење на СДСМ и апсења.
    Не се плашам ако мислат дека со мегаломанските ветувања го замајуваат народот. Ми е страв дека тие сами си се замајуваат.
    И со алкохол и без алкохол животот ни е весела долина. Да си се напиеме порано, да си се начукаме и да си легнеме оти парното поскапе дури 18 отсто. Па да си станеме сабајле порано. Работа немаме, ама имаме фискултурни сали да повежбаме. После ќе одиме во црква да се прекрстиме и да се прашаме каде ни поминал животот. Дур си се свртел, пак дошло седум саат и пак си пијан.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира