ВИБРАТОР ДЕФИБРИЛАТОР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:264:"Сeуштеимамесреќаштограѓанитеимаатпоголемасвестзадржаватаодполитичарите,панејаслушаатСилванаБоневаисоработуваатсополицијата

    1 Осмели се. Јави се на 199. Многу ме радува дека власта конечно сфати дека и треба помош од граѓаните.
    Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска неколку дена по ред апелираше секој што има каква било информација која би можела да помогне во истрагата за петкратното убиство да се јави на бесплатниот телефонски број на полицијата.
    Не сум сигурен што има да каже на апелите на министерката нејзината партиска колешка Силвана Бонева? Дали и таа, ако ја видела црвената кола што ја покажа МВР на фотографија, би се јавила во полиција? Макар и анонимно. Дали не се плаши дека ако се јави, ќе ја фати Законот за лустрација што таа, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, така страсно го предлага и така страсно го брани во Собранието? Дали не се плаши дека кога СДСМ ќе дојде на власт, ќе го извади и нејзиното име на Интернет како соработник на полицијата? Оти и онака Комисијата за лустрација партиски ги толкува документите и се надгласува дали некој е кодош. Па дали е некој кодош, зависи која партија е на власт.
    За петкратното убиство веќе се зборува дека е можно да е тероризам и специјална војна. Како што, впрочем, беше атентатот врз претседателот Киро Глигоров. Дали, според логиката на Бонева, за кодоши ќе се сметаат и тие што и помагале на полицијата во 1995 година? Оти и тогаш МВР ги повикуваше граѓаните на соработка. И тогаш граѓаните се јавуваа за да помогнат. Дури беше понудена и парична награда. Па ако го фатеа атентаторот, соработниците ќе оствареа и материјална корист. Нив ептен ги фаќа Законот. Оти Бонева предлага соработниците да се гонат до 2006. А министерката Јанкуловска вели дека и атентатот врз Глигоров с уште не е затворен случај.
    Што правиме сега? Излезе дека сега двете партиски другарки се на различни страни. Гоца во очај повикува соработници на полицијата за да ги најде злосторниците. Од друга страна, Бонева прави закон, според кој на сите што ќе се јават во полиција, може да им се залепи етикета на кодоши. Е па нека се договорат. Да се јавуваме, или да не се јавуваме во полиција?
    2 Според Законот, јавно ќе се објавуваат документи. На Интернет ќе вадат досиеја. Ќе ја откријат цела соработничка мрежа на тајните служби до 2006 година. И очекуваат од граѓаните да си ја вршат граѓанската должност и да соработуваат за откривање на вакви грозморни убиства кои, ете, ни ја загрозија и безбедноста на државата. И после ќе се чудат што н снашло. Бараш граѓаните да ти помогнат за откривање на непријателите на државата, а после непријателите на Интернет ќе читаат кој помогнал.
    Па можеби соработниците се исплашиле, и баш од страв да не бидат објавени на Интернет, не пријавиле дека се спрема ваков напад со масовно убиство. Тоа што Силвана ќе ги посрами на Интернет е најмалиот проблем. Луѓето се плашат дека децата ќе им настрадаат кога ќе ги отворат досиејата за сеир.
    Во 1995 година имавме бело “ами 8”. Сега имаме црвен “опел омега”. За најстрашните настани што ни се случија за двесет години независна држава, единственото нешто што полицијата го знае е марката на две коли. Зошто? Затоа што дваесет години политичарите упорно ни ја одземаат полицијата која треба да е единствено во служба на граѓаните. Затоа што дваесет години ние имаме “наша” и “ваша” полиција.
    Во секоја нормална држава, соработката со полицијата е граѓанска должност. Особено ако станува збор за сериозни кривични дела кои можат да ја загрозат безбедноста на државата. С уште имаме среќа што граѓаните имаат поголема свест за државата од политичарите. Па с уште се јавуваат да и помогнат на полицијата. Оти ако ја слушаат Бонева и нејзините ќе се плашат да се јават.
    3 Шефовитена мисиите на ЕУ, НАТО и САД со заедничка изјава го осудија петктратното убиство.
    Со консензус ли ја усвоија осудата?
    4 Полициската акција “Детонатор”, од источна Македонија се пресели и на запад. Во Тетово нашле локал кој го изнајмил кочанчанец, и таму ставил четириесетина нелегални покер автомати. Ги гледам вестите на телевизија и си се смеам. Казиното било нерегистрирано. Во центарот на Тетово. Работело нелегално, а осветлено со реклами и билборди од покривот до подножјето на зградата. И да сакаш, не може да го утнеш. Мижејќи ќе го видиш.
    Е па некако морале да се нахранат мажите на гордите послушнички на премиерот. Толку од бизнисот во Македонија. Коцкање на ситно. Да има некоја голема приказна, па вработувања, па да ги крие прекувремените саати, па да доцни со испорака за извоз, и да му прогледаш низ прсти. Ама не. Ако не можеш да направиш услови за легален бизнис, можеш да замижиш пред нелегален.
    Во Македонија и бизнисот обезбеден врз партиско послушништво е бизнис со очајници. Ќе замижат кога ќе ги внесе покер апаратите, ќе се прават удрени дека не постојат, и послушникот ќе печали на сиромаштија што се коцка за 200 денари. Ќе купи три скапи коли и до смрт ќе му биде благодарен на лидерот и на жена му што во вистинско време се нашла во вистинската партија.
    И така 20 и кусур години. Не е утеха ниту оправдание кога ќе ми кажат дека и другите така правеле. Правеле. Ама ние веќе шест години чекаме преродба.
    5 Ај осмели се и окрупни го бизнисот во Македонија. Имаш деведесет вработени и решиш да вработиш уште десет. Кога, оп мора да купиш дефибрилатор. Ако некого го стегне срце, колегите да го оживуваат.
    Кај нас лифтовите не се одржуваат како што требаа, не, пак, дефибрилаторите. Ќе изгинеме на работа. Кога ќе почнеме да си даваме електрошкокови по фирмите, ќе има повеќе жртви отколку во конфликтот во 2001 година.
    Туку, зошто министерот за здравство Никола Тодоров не донесе уште една мерка корисна за здравствената заштита? Покрај дефибрилатори, секоја фирма да мора да набави и вибратори. Како превентивна мерка за да не се абат дефибрилаторите. Па со нов правилник ќе пропише и практична настава за користење на вибраторите. Работодавецот да мора да определи дежурна екипа која секое утро ќе одлучува кој дента има нужда од вибратор. За да не заврши на дефибрилатор. Следствено на тоа, во фитрмите ќе се организираат обуки. Со показни средства и пракса како се користи вибраторот. Така нема да бидеме само поздрави. Туку и посреќни. Оти несоодветно ракување со дефибрилатор може да биде опасно по живот. А од вибратор зијан нема. Освен ако не те фати клетва од некоја колешка. Што ќе ти посака да ти цркне батеријата кога ти е најубаво.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира