ВИКТОРИЈА БЕКАМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:84:"Анадругитевиблагодаримештолетавтесонас

    1 Каде во свет е забрането седење на трева во парк?
    Во Скопје. Градските власти по повод Велигден се пофалија дека им дозволиле на скопјани да седат на тревата во паркот. Инаку, тоа било строго забрането. За да не се уништува зеленилото. Од сите еколошки мерки што можеа да ги преземат за заштита на паркот, градските власти се одлучија за најригорозната. Забранија седење на тревата.
    Каде во свет во парк се гради хотел?
    Во Скопје. И не само хотел, туку отспротива и станбен блок висок седум ката и долг триста метри. Седењето на трева го уништува зеленилото. А камионите што носат песок, чакал, цемент и ред други работи потребни за градба се пријатни за вегетацијата.
    Каде во свет баш градоначалникот гради хотел среде паркот? Во Скопје.
    Забраната зе седење на трева во паркот во Скопје е сосема оправдана. Затоа што граѓаните ја попречуваат изградбата на Кермес и на Кинескиот ѕид. Ај што камионџиите ја газат тревата, туку мора да внимаваат и да не згазат некој што си седнал на трева.

    2 Македонските дипломати добија квота. Владата ги задолжи македонските амбасади и дипломатски претставништва месечно да ги презентираат инвестициските поволности на Македонија пред најмалку 10 компании во земјата во која се наоѓаат.
    Колку што министрите за странски инвестиции Веле Самак и Глигор Ташковиќ се разбираат во економија, може да замислиш колку ги бива партиските амбасадори или конзулите што удираат печати за визи. Секој дипломатски претставник ќе мора да влезе во десет познати фирми. Има ли нешто полесно од тоа? Ќе влезе во “Зара”, “Манго”, “Икеа”, “Маркс енд Спенсер” и во неколку поголеми супермаркети, ќе си купи купи карта за дома во позната туристичка агенција и ете ти десет фирми за отчет.
    Добро е што само Ставревски им даде задача на дипломатите. Замислете министерот за култура да им нареди да посетат 10 изложби. Или, министерката за внатрешни да ги прати во 10 затвори. Не дај боже министерот за надворешни работи Антонио Милошоски да ги прати на 10 дипломатски приеми. Тоа веќе нема да може да го издржи дипломатскиот капацитет на оваа држава.

    3 Трчајќи по фирмите дипломатите заборавиле да и кажат на Владата дека Грците од јануари имаат нови пасоши, дека не сакаат да ги вадат оти им се скапи и не им требаат за низ Европа и дека поради тоа и Турците и Бугарите решиле да ги пуштаат само со лична карта.
    Од јануари бројот на грчки туристи во Македонија е намален за 31 отсто. Не знаејќи за приказната за пасошите и личните карти во Министерството за економија велат дека Грците не доаѓале оти во Македонија минатите месеци немало снег.
    А идните месеци ќе има ли сонце?

    4 Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска седна во џип, кој веројатно му го украле на Бекам и веднаш ја истисна Викторија Бекам од насловните страници. Сега никој не пишува за фудбалерот Бекам и пејачката Викторија, туку за фудбалерот Бекам и министерката Јанкуловска.
    Гордана изјави дека ако Бекам дојде да си го побара џипот, лично ќе му ги даде клучевите. Ама, што правиме ако чекајќи го Бекам, на врата и се појави Викторија?

    5 Според новиот закон за заштита на пациентите што ќе го предложи владата, сите клиники и болници ќе треба да обезбедат една просторија во која пациентите или нивните блиски ќе можат да се молат и исповедаат.
    Во болниците нема лекови, нема медицински материјал, лекарите треба да се спонзорираат за да те фатат преку ред… Во таква ситуација не ти останува ништо друго освен да се молиш за здравје и да се исповедаш пред да умреш.

    6 СДСМ подготви кодекс за однесување на своите членови. По 16 години самостојност и 10 години поминати на власт, новите луѓе на новата лидерка напишале дека “во извршувањето на својата функција членот на СДСМ се раководи исклучиво од интересите на државата и нејзините граѓани”.
    Убаво. Ама малку подолу луѓето на Рада го напишале и ова: “Членот на СДСМ кон своите партиски другари ќе се однесува со достојна почит, толеранција, солидарност и взаемна помош и поддршка”.
    А кон другите?
    Го знаете вицот за авионот кој почнал да паѓа, а немало доволно падобранци за сите патници. Стјуардесата им се обратила на патниците. “Тие што под седиштето ќе најдат падобранец нека го стават на себе. Вие останатите Ви благодариме што летавте со нас”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира