ВИЛА РАВИОЈЛА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:119:"КогатранзитираатодУЧКвовлада,министритенемаатодговорност

    1. Бранко Црвенковски пак многу се налутил. На последната седница на Владата открил дека Министерството за транспорт било дувло на криминал.
    Не знаеме само дали бил толку лут па се заканил дека ќе расчисти со дувлото. Како оној пат кога ловеше октоподи и се колнеше во Свети СДСМ. Оти, ако реши Бранко да расчистува, Министерството ќе заврши како ТАТ.

    2. Министерот за транспот Агрон Буџаку не е загрижен дека е во центарот на дувлото. Тој не чувствувал одговорност што негов службеник делел меѓународни дозволи за камионџиите со фалсификат.
    “Не можам да бидам полицаец и да имам целосна контрола на работата во сите сектори во Министерството”, рече Буџаку.
    Камионџиите со денови штрајкуваа, Хари им испраќаше полиција за да ги блокира, македонските камиони стоеја паркирани цели 15 дена, а министерот за транспорт не знаел за тоа. Ако веќе му ја отстапил работата на некојси Таџедин што дозволите ги делел во кафеана, можел барем да гледа вести, или да чита весници.
    Некојси државен службеник ги држеше камионите паркирани во првите 15 дена од економскиот бум, наместо тие да вртат низ Европа и да прават пари. Ете што ти се вика “Таџедин – институција”. Човекот бил прво во ПДП, па добро се снашол во ДПА, а сега е со ДУИ. Фино си рече Буџаку: “Тој не е од вчера!” Таџедин е од времето на Бранко. Она првото.
    Бидејќи Буџаку не чувствува одговорност за дозволите, тој нема намера ни да даде оставка. “Таман работа во држави на транзиција, ако така се даваат оставки, секој месец ќе треба да паѓаат влади”, се оправда министерот. Особено не во држави во кои и министрите се во транзиција. Од УЧК транзитираат во влада.

    3. ВМРО-ДПМНЕ е во офанзива. Распрснати се од Водно до Америка. Додека Никола Груевски го шета Кедев низ Вашингтон, а Чашуле им помага при појадокот кај Буш, портпаролот Владо Ѓорчев прави обиколка на Водно. Ги посетува вилите на видните СДСМ-овци. На неговите прошетки одговара портпаролот на СДСМ Борис Кондарко. Толку се засили што едно време посмисливме дека ќе мора да оди до Флорида да ја бара вилата на Љубчо.
    Акцијата “сите вили на мегдан” добива на тежина. Таа ја покажува суштината на борбата за власт во Македонија. И едните да имаат вили, ама и другите да имаат вили. Секој со својата вила во нов инвестиционен циклус и борба против криминалот и корупцијата.
    Шетајќи низ Водно како вила равиојла Влатко Ѓорчев заборави да се слика пред вилата на сестрата на премиерката Снешка. Онаа недоизградената. Не му е убав амбиентот. Ќе се слика кога ќе заврши судскиот процес за фалсификатите во катастарот.

    4. Судиите се жалат дека имаат притисок од власта. Не се свесни дека притисокот допрва следи. Влатко Ѓорчев има 48 кривични пријави. Наместо по Водно, портпаролот сега ќе мора да шета по судници. Кој ли ќе го слуша кога таму ќе дава изјави.
    Судиите ќе имаат многу работа. Од што ќе го судат Влатко, ќе немаат време за другите предмети. Ламбе, Војо, Бесник Фетаи… ќе почекаат.

    5. ВМРО-ДПМНЕ сака да го смени претседателот на Собранието Љупчо Јордановски. Во владејачката ЛДП велат дека ќе гласаат против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, но ќе го предупредат спикерот да го поправи своето однесување.
    Ова не им е прв пат на ЛДП да се позиција, а да глумат опозиција. Тие се во владата, а често пати на прес конференции истапуваат со барања до владата.
    Така правеше и ДА со ВМРО-ДПМНЕ.
    Да не го видиме и Ристо Пенов во “Треќи пут”.

    6. Кога почна штрајкот на професорите и културните работници, претседателот на Синдикатот Ванчо Муратовски се фалеше дека има тајно оружје и дека во војна не се открива стратегијата.
    Стратегијата сама се откри. Тајното оружје било договор со Бранко.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира