ВМРО-ССРНМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:137:"КадебешеЈане,кадебешеДаме,кадебешеПитуГули?КадебешеВлаткоЃорчев?

    1 Градоначалникот на Гази Баба Коце Трајаноски излезе на прес конференција и објави дека болшевичката револуција излезе од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и се распростре низ целата земја. Им порача на Црвенковски, Петковски и Фрчкоски да не даваат изјави, оти со нивните изјави и штетат на Македонија.
    Кој е Коце Трајаноски да оценува дали нечие право да мисли е штетно за Македонија? Како мисли во име на Македонија да ги замолчи да зборуваат тие чие што мислење не и се допаѓа на партијата? Од каде правото на ВМРО-ДПМНЕ да ја брани јавноста од јавно изречениот збор за што одговорноста ја сноси тој што го изговорил?
    Не ми треба ВМРО-ДПМНЕ да ме брани од нечие мислење. Едноумието заврши во 1990 година. Или барем така си мислевме.

    2 Можеби за да не згрешат и да не кажат нешто штетно за Македонија сите ВМРО-вски пратеници и нивните коалициски партнери завчера молчеа кога се гласаше за законот за бранителите.
    Ниту еден не се најде што ќе мисли поинаку и ќе ги поддржи бранителите. Макар со зборување, ако веќе не смее да гласа “за”. Над 20 партии се во коалицијата на Груевски. Барем Павле Трајанов можеше да се јави. Тој секогаш има нешто да каже. Или Лиле Поповска. Или Ѕинго.
    Сите молчеа. Ама затоа утре ќе се јави Љубе Бошковски. Па сите ќе плачеме.
    Каде беше Јане, каде беше Даме, каде беше Питу Гули? Каде беше Влатко \орчев?
    ВМРО-ДПМНЕ и според името е револуционерна партија. Ама бидејќи демонстрира дисциплинирано едноумие, го надмина и Социјалситичкиот сојуз на работниот народ на Македонија. Тоа кон крајот на минатиот век го учевме како врв на демократијата и остварување на плурализмот на самоуправните интереси.
    Револуцијата тече. Ама ги јаде своите деца. Па ВМРО-ДПМНЕ може да си го смени името. Во ВМРО-ССРНМ.

    3 Демократскиот плурализам на ВМРО-ДПМНЕ им дозволи на СДСМ да се истакнат како патриоти. Тие го бранеа законот за бранителите.
    Заборавија дека за време на нивното владеење им наложија на ранетите бранители да ги вратат парите што им ги даде државата како оебсштетување.

    4 ОКТА ќе биде казнета. Оти ги труе луѓето.
    Нема играње со државата. Фирмите што прават царински прекршоци ги затвора. Тие што трујат луѓе, парично ги казнува.
    Радосната вест дека ако треба ОКТА секој ден ќе биде казнувана, на селаните што живеат во близина на рафинеријата им ја соопшти заменичката министерка за заштита на животната средина Соња Липиткова. Им рече дека Владата ќе предложи смена на законот со кој уште повеќе ќе ги зголеми казните.
    Предлагам седницата на Владата на која ќе се донесе предлогот за зголемување на казните да се држи во Миладиновци. И седницата на Сиобранието на која по редовна постапка ќе се носи измената на законот исто така нека се одржува во Миладиновци.
    А Липиткова која на селаните им рече да и веруваат оти е професорка, може да се пресели во Миладиновци. Да се радува секој ден кога ОКТА ќе биде казнета. А кога Владата ќе ги зголеми казните Липиткова ќе организра општа веселба на средсело. Со полни гради ќе дишат и ќе слават за големите казни.

    5 По 18 години молчење и трпење на наметнатиот глупав спор за името со Грција, Македонија ја даде Грција на меѓународниот суд на правдата во Хаг.
    Шуќур. Конечно правдата ќе ја бараме таму каде што и е местото.На суд. Оти ја видовме праведноста и на НАТО и на ЕУ. Ним повеќе од правдата им значи солидарноста со глупоста на земја-членка, отколку што им е гајле за земја која им тропа на врата.
    Историски, веројатно владата на Груевски ќе има заслуга за тоа што се осмели да направи ваков проактивен потет. Ама, историјата ќе ги осуди и Груевски и Црвенковски ако дозволат овој потег да се злоупотреби.
    Се плашам дека во недостиг на други теми, името пак ќе биде повод за тепачка меѓу македонските политичари на изборите во март.

    6 Македонија во преговорите за укинување на визите дојде до холивудско дереџе. Таму за младите и амбициозни модели што сакаат да станат актерки важи прашањето: “Со кого треба да легнам за да влезам во филм”.
    Бидејќи од ЕУ цело време ни викаат дека се сме завршиле, а уште не знаат дали ќе ни ги укинат визите, време е да ги прашаме: Со кого треба да легнеме за да влеземе во ЕУ?”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира