ВОЗИ МИШКО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:66:"Мајсторе,отвориврата,сезадушивме

    1. Тврдењата дека Сојузот за Македонија се распаѓа се приказни за мали деца. Се случува само да отпаѓаат некои помалку важни фигури, ама во глобала по­бед­ничката коалиција цврсто се држи. Не се луди да се растурат. Ваков распоред на сили и ваква концентрација на моќ во иднина можат само да сонуваат. Затоа глупаво е да не ја искористат ситуацијата.
    Пред некој ден Владата го разреши директорот на Агенцијата за приватиза­ција Мирољуб Шукаров. Велат, човек лојален на СДСМ. Исто така, некои ми­нистри јавно рекоа дека повеќето во Владата биле против смената на Шукаров. Арно ама, министерот за стопанство Ристо Иванов се заканил: “Или јас, или Шукаров”! И што му преостанало на премиерот Бранко Црвенковски? Да избира помеѓу лојалниот на партијата Шукаров и либералот Иванов. Да не си прави проблеми во Владата, се определи за Иванов.
    Само два дена пред тоа премиерот во интервјуто за Македонското радио, како одговор на зачестените критики од страна на либералите им порача: “Коалицијата не е просторија со заклучена врата, па да не може никој да излезе од неа”. Во право е. Излезе Мирољуб Шукаров.
    Коалицијата е како оние зглобни автобуси на градскиот сообраќај во Скопје. Кога предниот дел врти налево, задниот дел занесува надесно. Тоа може да биде опасно, особено на крстосници. А мајсторот вози, нагазил до даска. Вози Мишко! Само што во нашиот филм Мишко се вика Бранко. Вози, не застанува на попатни станици, а на патниците им порачува дека вратата не е заклучена.
    Мајсторе, отвори врата, се задушивме!

    2. Неделава беше прославена и годишнината од основањето на универзитетот во Тетово. Прослава како прослава, особено уште кога е и прва година, вреди пристојно да се одбележи. Мора да има претставник на Владата. Треба да му се даде значење на јубилејот.
    Сега слушаме критики зошто на прославата во Мала Речица се појавил минис­терот Ештреф Алиу. Со право. Што има тој да се меша во ресорите на другите колеги. Тој си е министер за култура и нема што да бара на прослави на образовни институции. Во Мала Речица требало да се појави министерката за образование Емилија Симовска. Арно ама, била зафатена. Виткала сарми за Свети Никола, а можеби и била умирисана од пржење риби, па го замолила колегата Алиу да се појави на универзитетот место неа. Си рекла: “Што образование, што култура, многу знаат тие таму, завршиле само прва година факултет”.
    Сега госпоѓата Симовска е многу загрижена. Ај што му направи проблем на Алиу поради својата презафатеност, туку ѝ прави проблеми и на Владата. Може ли да се зборува за сериозна влада, кога таму не се знае кој е задолжен за Мала Речица. Туку молчи, можеше да направи уште поголема грешка. Во прв момент помислила место неа на прославата да го испрати колегата Фрчковски.

    3. Министерот за внатрешни работи сега има нова сериозна задача. Неколку дена по ред од Белград доаѓаат вести дека властите на СР Југославија и Маке­донија преговараат околу меѓусебното признавање. Во Министерството за надворешни работи на Македонија велат дека немаат такви сознанија.
    Штом во Министерство­то за надворешни работи немаат никакви сознанија дека некој наместо нив води преговори за признавањето, тогаш мора да се спроведе детаљна истрага. Така се доаѓа до сознанија. Што знаеш, можеби некој илегално преговара, без да знае Министерството. Време е во решавањето на овој проблем да се вклучи МВР. Ако треба, нека испратат една депеша до Интерпол. Се работи за меѓународни односи.

    4. Ова е демократска држава. Кај нас главниот збор го имаат граѓаните. На ре­ферендум одлучуваат дали ќе даваат самопридонес за водовод, за спортски објекти, за патишта и… за името на градот.
    Собранието на Македонија реши прашањето на промената на името на Титов Велес во Велес да им го препушти на самите титоввелешани. Исто како што, претпоставувам, најдемократски, во 1946 година тогашните велешани решиле да станат Титови. Искрено, малку ме збунува како може името на еден град да биде прашање само на неговите граѓани, а не на цела држава. И како со леснотија Вла­да­та и Собранието го тргаат на страна тоа прашање, демократски отстапу­вајќи му го на граѓаните.
    Да претпоставиме дека тоа е во ред. Тогаш, дали ќе биде државен проблем ако утре граѓаните на некој град во западна Македонија решат на референдум да го сменат името со некое друго, што повеќе им одговара на нивните нацио­нални, верски и не знам какви специфики?
    Уште еден пример. Што ако се соберат граѓаните од неколку општини во Републиката и на референдум изгласаат ново име за државата!?
    Впрочем, ние имавме и некои други референдуми од локален карактер, за кои истото тоа Собрание се отепа докажувајќи ја нивната нелегитимност.

    5. Каде е Циле? Пак заминал за Америка. Без врска само им направи беља. Се појави на телевизија, ги собра стопанствениците во некаков олимписки пул, направи промоција на книга, во меѓувреме се сретна и со Сали Бериша, па уште издаде и официјално соопштение за соработката на Македонија и Албанија на спортски план, го посети и претседателот Киро Глигоров и си замина.
    Добро е. Сега можат на раат да прослават и Нова година и Божик.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира