За што!?

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:127:"Сèдодекадржаватанеконтролирасвоитеритории,Љубчоќеправивлади

    1. Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон некогаш рекол, а Чашуле вчера го цитираше: “Македонија му дава пример на останатиот свет!”
    Пример!? За што!?

    2. Македонија е пример од приказните за мали деца. Обично во тие приказни, главниот јунак е некое селанче кое на крај се збогатува. За да ја добие милоста на царот и да ја венча царската ќерка, треба да изоди седум планини, да преплива седум мориња…
    Македонија нема ни едно море. Планините ги изгубивме. Ама, за среќа, Љубчо има седум влади. Така што еден од условите да стане богат, го исполнува.
    Абер нема да си оди. Минатата недела ни кажаа дека сме први во Европа по луѓе без работа. Една од двете земји во Европа кои на списокот на ФАО се водат како држави без доволно храна сме ние. И згора на тоа, Љубчо се фали дека не контролирал третина од територијата. И тоа му е алиби зошто не треба да се оди на предвремени избори. Сè додека државата не контролира свои територии, Љубчо ќе прави влади. Колку поголема  окупирана територија толку поголеми му се шансите да направи и осма влада.

    3. Му е гајле на Љубчо што скопјани ќе останат и без елка за Нова година. Ни останаа елките под контрола на Али Ахмети, па плоштадот ќе ни остане празен, зашто нема кој да ја исече и како да ја донесе. Ако итно не се вклучи во акцијата за поставување елка и НАТО, со “Килибарните лисици”, отиде Рамковниот договор. За воспоставување мерки на доверба, заедно со дрварите во планините, треба да одат и мониторите на ОБСЕ. Да набљудуваат и да дадат извештај дека Македонците глумат страв и измислуваат терористи. Кога ќе светне елката среде плоштадот Македонија, тоа ќе биде уште еден доказ дека ОНА е разоружана, а АНА во моментот на сечење на елката не пукала. И дека терористите срдечно ни ја честитаат Новата година.
    Како тргнала работава, честитката можат и лично да ни ја испорачаат. Низ Тетово веќе маршираат банди. Ене кај е Тетово. Кај и да е, ќе се префрлат и преку Камениот мост во Скопје. Бидејќи не им е пријатно кога ги вознемирува полицијата, и ние ќе бидеме внимателни. Нема да ги нервираме. Ќе си се тргнеме навреме.

    4. Европската унија не може да го прифати црниот список на Џорџ Буш за терористите на АНА. ЕУ не ја знае АНА, ниту чула за неа. Може ќе дознаат ако Буш им ги замрзне сметките. Со АНА.
    Исто така правеа и со црниот список на ОНА. Демек, го прифатија, ама се договорија подоцна да го “имплементираат”. Полесно кај нас ќе се имплементира Рамковниот договор отколку во ЕУ да се имплементира црната листа на терористите.
    И покрај тоа што Буш им даде список со имиња и презимиња, земјите на ЕУ не ја знаат АНА. Ама добро ги знаат македонските граѓани што секојдневно ги понижуваат во редовите за визи и ги третираат како криминалци. За АНА нема ограничувања, ама за чесни граѓани – има.
    И по тоа сме единствен пример. АНА игра подобро од македонските политичари. За своето членство, составено од докажани бандити, обезбедила подобар меѓународен третман од македонските политичари за своите граѓани.

    5. На Ламбе Арнаудов му светна дека струјата ќе мора да поскапи оти била многу евтина и затоа ЕСМ никој не сакал да го купи. Со поскапа струја, ЕСМ ќе го подигнело рејтингот.
    Затоа луѓе, вклучете се во акцијата: “Трошете струја, да му се дигнат акциите на Ламбе!”

    6. За Денот на борбата против СИДА, градот осамна со плакати на Организацијата на жените на СДСМ. На плакатите пишуваше: “Ние се грижиме – Стоп СИДА”.
    Како ли социјалдемократките се грижат? Со кондоми ли во чантите, избираат партнери, не даваат на страна, апстинираат по дома…
    Ако жените на СДСМ се грижат, што ли прават жените од другите партии. Оние од ВМРО-ДПМНЕ не се грижат. Тие се во власта.
    Туку, на Андов и на Пенов жените… Како ли се грижат либералките и либералните демократки со либералните сфаќања кон животот. Тие сигурно се грижат, ама не се фалат.
    Најзагрижени  се во ПДП и во ДПА. Ама не жените, туку мажите. Од толку голема грижа, дури и пушки зедоа.

    7. Државниот обвинител Ставре Џиков, министерот за правда Иџет Мемети и едночудо луѓе од правдата заминаа на екскурзија во Хаг. Беше најавено дека со нив ќе оди и Љубе Бошкоски. Ама тој не отиде. Љубе ќе оди башка.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира