ЗАБРАНЕТО (О)ЗБОРУВАЊЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:119:"Ци­ленезнаедака­же"Не",паза­тоапар­ти­ја­тамусеви­ка"ДА"

    1. Ци­ле пра­ве­ше дра­ма со ме­се­ци за да си ги сме­ни сво­и­те ми­нис­три. Се по­ка­жа ка­ко по­ли­ти­чар од го­лем ка­ли­бар. Вре­ди за чет­во­ри­ца. За да ста­не тој пот­прет­се­да­тел, се от­ка­жа од Кип­ри­ја­но­ва, Кам­бов­ски и од Тра­ја­нов. Уба­во Рад­ми­ла го фа­ле­ше ли­де­рот де­ка има ури­вач­ка моќ. Го по­чувс­тву­ва тоа на сво­ја ко­жа.
    Се­га е на ред ос­тва­ру­ва­ње на ба­ра­ња­та што Де­мок­рат­ска­та ал­тер­на­ти­ва прин­ци­пи­ел­но му ги ну­де­ше на пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски. На при­мер бор­ба­та про­тив ко­руп­ци­ја­та и кри­ми­на­лот. От­ка­ко Ци­ле се от­ка­жа од ми­нис­терс­тва­та за внат­реш­ни ра­бо­ти и за прав­да, бит­ка­та про­тив кри­ми­на­лот ќе ја во­ју­ва пре­ку Ми­нис­терс­тво­то за об­ра­зо­ва­ние. Уш­те ка­ко де­ца, ќе ги по­ду­чу­ва лу­ѓе­то да не кра­дат. Та­ка, пра­ша­ње­то на кри­ми­на­лот ќе го ре­ша­ва дол­го­роч­но. Би­деј­ќи Ци­ле не гле­да од де­не­ска за ут­ре, ту­ку мис­ли на ид­ни­на­та.
    Овој ко­а­ли­ци­о­нен до­го­вор ќе трае три ме­се­ци. По три ме­се­ци, ко­а­ли­ци­ја­та пак ќе би­де во кри­за. И Ци­ле пак ќе пред­ло­жи плат­фор­ма за пре­го­во­ри. Па пре­го­во­ри­те ќе тра­ат уш­те три-че­ти­ри ме­се­ци. И на крај, Ци­ле и Љуб­чо пак ќе се сми­рат. Де­мок­рат­ска­та ал­тер­на­ти­ва е пар­ти­ја со мно­гу ин­те­лек­ту­ал­ци. Та­ка што Ци­ле има уш­те кад­ри за да­ва­ње. Не­ка не се гри­жат Алек­сан­дар Ди­мит­ров и Бо­би Спир­ков­ски ако ос­та­нат во Вла­да­та. И ним ќе им дој­де ре­дот, со след­на­та плат­фор­ма.
    Важ­но е да се би­де прин­ци­пи­е­лен. Ко­га по­ли­ци­ја­та упа­ѓа­ше по раз­ни фир­ми и ги ап­се­ше ди­рек­то­ри­те, ДА прин­ци­пи­ел­но мол­че­ше, би­деј­ќи не са­ка­ше да му се ме­ша во ра­бо­та­та на ко­а­ли­ци­о­ни­от пар­тнер. Ко­га ко­а­ли­ци­о­ни­от пар­тнер вле­зе во фир­ма­та на нив­ни­от по­ра­не­шен ми­нис­тер Ча­до, ДА пов­тор­но прин­ци­пи­ел­но се за­ло­жи за по­чи­ту­ва­ње на прав­на­та др­жа­ва и зас­та­на во од­бра­на на но­ви­на­ри­те.
    Ци­ле е прин­ци­пи­е­лен. Не мо­же да ка­же “Не”. За­тоа и пар­ти­ја­та му се ви­ка “ДА”.

    2. Ко­а­ли­ци­о­ни­те пар­тне­ри за­бо­ра­ви­ја во до­го­во­рот за ид­на­та со­ра­бот­ка да за­пи­шат кој ко­го мо­же да уап­си. Ако про­дол­жат по сис­те­мот на То­пил­ни­ца да се ап­сат ме­ѓу се­бе, нас­ко­ро са­мо Ар­бен Џа­фе­ри ќе ос­та­не не­чеп­нат, па тој ќе мо­ра да фор­ми­ра вла­да. Мо­же­би за­тоа и за­до­вол­но из­ја­ви де­ка се­кој, ден во се­кој пог­лед, сé по­ве­ќе нап­ре­ду­ва.
    Се­пак, не е оваа вла­да баш тол­ку на­ив­на, па сé да му да­де на Џа­фе­ри. За­тоа и во до­го­во­рот не пос­тои кла­у­зу­ла кој ко­го смее да ап­си. Во оваа др­жа­ва мо­ра да има ред. От­се­га ќе ап­си са­мо Дос­та.
    И ред­но бе­ше пар­тис­ки­те вој­ни­ци пов­тор­но да се вра­тат во пр­ви­те бор­бе­ни ре­до­ви на МВР. И тоа да се по­пол­нат со лу­ѓе кои има­ат ме­ѓу­на­род­но ис­ку­ство. Ка­ко, на при­мер, Љу­бе Бош­ков­ски. Си­гур­но до­де­ка про­да­вал ќе­бап­чи­ња во Хр­ват­ска учел на ис­кус­тво­то на Туѓ­ма­но­во­то вла­де­е­ње со вле­ва­ње страв кај гра­ѓа­ни­те. И што му фа­ле­ше на Туѓ­ман? Ва­ка, та­ка, си про­жи­веа 10 го­ди­ни.
    А не ту­ка, Пав­ле Тра­ја­нов ин­сис­ти­ра да се ос­ло­бо­дат но­ви­на­ри­те што ги уап­сил ло­кал­ни­от ве­леш­ки по­ли­ца­ец. А ним ниш­то не им фа­ле­ше. Ни­кој не им има­ше ста­ве­но ли­си­ци. Плус беа од­не­се­ни со по­ли­ци­ска “ма­ри­ца”, кај Иви­ца, за да не тро­шат соп­ствен бен­зин. Др­жа­ва­та уш­те и пре­во­зот им го пла­ќа. Ис­то ка­ко и на Ча­до. Се пра­ви го­лем газ­да, а ва­му, ко­га доб­ро­вол­но оди во по­ли­ци­ја, не са­ка да оди со сво­ја ко­ла, ту­ку и тој би со Ма­ри­ца да се во­зи.
    На­чал­ни­кот е де­фи­ни­тив­но во пра­во за при­ве­ду­ва­ње­то на но­ви­на­ри­те и за од­зе­ма­ње­то на ка­ме­ри­те. Ос­тави тоа што му ли­че­ле на ре­ке­та­ри со ка­ме­ри и што не би­ле обе­ле­жа­ни. Со са­мо­то тоа што се прет­ста­ви­ле ка­ко но­ви­на­ри, вед­наш би­ло јас­но де­ка тре­ба да се ап­сат. За­тоа што за си­те сос­тој­би во др­жа­ва­та, ви­нов­ни се но­ви­на­ри­те.
    До­де­ка не ја ви­дов прес-кон­фе­рен­ци­ја­та на ве­леш­ки­от на­чал­ник мис­лев де­ка ви­цо­ви­те за по­ли­цај­ци се пре­те­ра­ни.

    3. Ев­роп­ска­та ми­си­ја ќе ни пра­те­ла ми­си­ја за наб­љу­ду­ва­ње. Как­ви што сме, скра­ја да е, из­гле­да нé подготвуваат за пси­хи­јат­ри­ски трет­ман.
    От­ка­ко Ев­ро­па нé ис­клу­чи, Те­ле­ком до­би ин­спи­ра­ци­ја да ги ис­клу­чи те­ле­фо­ни­те. Се­га и Елек­трос­то­пан­ство, да не ос­та­не по­ку­со од ев­роп­ски­те трен­до­ви, ќе ни ја ис­клу­чи и стру­ја­та. Ос­та­на уш­те на­ро­дот да го ис­клу­чат, за да не им ја рас­и­пу­ва ко­а­ли­ци­о­на­та иди­лич­на љу­бов.
    Во мрак и шта­ма лес­но се вла­дее.

    4. Спо­ред ко­а­ли­ци­о­ни­от до­го­вор, ми­нис­три­те и пра­те­ни­ци­те не сме­ат да се оз­бо­ру­ва­ат и да раз­мис­лу­ва­ат по­и­на­ку од Вла­да­та. Сé ќе се ре­ша­ва­ло внат­ре во ко­а­ли­ци­ја­та. Кој ќе оз­бо­ру­ва, ќе би­де сме­нет. Тоа ти се ви­ка вис­тин­ска де­мок­ра­ти­ја. При след­ни­от до­го­вор ќе им тек­не да ги во­ве­дат ко­ми­ни­ке­а­та од вре­ме­то на СКМ и се­кое ут­ро слож­но ќе ни ка­жу­ва­ат што тре­ба да ра­бо­ти­ме.
    Оз­бо­ру­ва­ње­то е мно­гу по­о­пас­но за др­жа­ва­та от­кол­ку ако не­кој ми­нис­тер ра­бо­ти про­тив Ус­та­вот. Заш­то, пре­ми­е­рот има пра­во са­мо да го пре­дуп­ре­ди ми­нис­те­рот ако не ја из­вр­шу­ва сво­ја­та фун­кци­ја во сог­лас­ност со Ус­та­вот и за­ко­ни­те. Ду­ри ако ми­нис­те­рот, и пок­рај пре­дуп­ре­ду­ва­ње­то про­дол­жи да ра­бо­ти про­тив­за­кон­ски, пре­ми­е­рот има пра­во да го раз­ре­ши.
    А, ка­ко ќе му ка­жат на пре­ми­е­рот де­ка не­кој ра­бо­ти про­тив Ус­та­вот, ко­га оз­бо­ру­ва­ње­то е заб­ра­не­то. За­тоа Љуб­чо си ја обез­бе­ду­ва по­ли­ци­ја­та. Ко­га не смее јав­но да се збо­ру­ва и оз­бо­ру­ва, пре­ми­е­рот тре­ба да има “го­ле­ми уши”.

    5. Пре­ми­е­рот ре­шил да го про­да­ва “Фе­ни” за­ед­но со То­пил­ни­ца­та во Ве­лес. Ар­но ама, Ча­до му ја ур­на кон­цеп­ци­ја­та.
    Во ус­та­вот е за­га­ран­ти­ра­на при­ват­на­та сопс­тве­ност, ама ако не вле­гу­ва во кон­цеп­тот на Вла­да­та, га­ран­ци­ја­та не ва­жи. Мо­же да ти се слу­чи, да ти вле­зе до­ма не­кој ло­ка­лен по­ли­ца­ец и да ти ка­же: “Вла­да­та нај­де стра­теш­ки пар­тнер за це­ла згра­да, ама мо­ра да ти го про­да­де­ме и ста­нот. Не­мој да ја ури­ваш кон­цеп­ци­ја­та, заш­то ќе ти дој­де Ма­ри­ца”.
    Ако од­би­еш да го про­да­деш ста­нот и по­ра­ди тоа не се про­да­де згра­да­та, белки ќе по­ми­неш со два-три ин­фор­ма­тив­ни раз­го­во­ри. Ту­ку, што пра­ви­ме ако на Вла­да­та ѝ тек­не да ја про­да­де це­ла др­жа­ва.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари