Забрането пушење

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:43:"Вокојвозлежизајакот?

    1. Колку било убаво без А1, Сител, Канал 5… Конечно, државната телевизија ја искористи можноста да ни соопшти дека ни расте националниот производ. Ова приватниците на кои ништо во оваа држава не им се допаѓа, нека продолжат да штрајкуваат. Да одмориме малку. Да уживаме во растот на националниот производ, да се гордееме со успесите на Владата, да се почувствуваме еднаш како лидери на реформите…
    Оваа прекрасна татковина не заслужила да има приватни телевизии. Гледате ли колку малку ни било потребно да се почувствуваме релаксирано во вечерните часови. Само МТВ и Телма.

    2. Што било убаво да бидеш во опозиција. Не мора да одиш на собраниски седници, дури и кога се расправа за Буџетот. Што му е гајле на СДСМ за тоа како ќе се трошат нашите пари? Ним им е гајле само како пак да се вратат на власт. Бидејќи не им успева, друго не ги интересира.
    Затоа не одат на безначајни седници. Не размислуваат на тема: Буџет. И немаат што да кажат. Можеби тоа што имаат да го кажат, го зборуваат преку телефон. Па така власта знае што мислат за Буџетот. Ама, редно е да чујат што мислат и тие што ги избрале за пратеници.
    Бранко прво се прослави со неколкуте митинзи. Потоа мина уште пославно со владата во сенка. Во редот успешни потези му дојде правењето ново парламентарно мнозинство. Го тргна Циле. Со прислушувањето, му даде шанса на Љубчо пак да го мава.
    Сега, што му остана? Како му тргнало, што и да направи ќе згреши. Белки  ако го отстапи лидерското место во партијата на друг,  ќе му тргне работата.

    3. МВР се доекипира. За заменик-директор на ДБК го донесе Садик Бекири. Човекот дојде од “Улици и патишта”. Има искуство со чистење улици. Ќе го исчисти и ДБК.
    И легендарниот брат Љубе Бошкоски стана државен секретар. Сега ќе може уште поуспешно да се бори со терористите. Треба да го разоткрие случајот со ловџијата од Зајас кој, пукајќи по зајак, уловил воз. Сега брат Љубе ќе најде во кој воз се крие зајакот.

    4. Пустиот Андов, што мака виде да ги додржи пратениците во салата додека да се донесе Буџетот. Не ги пушташе да одат ни во ЊЦ. Или, ако веќе имаа потреба, нека спојат голема со мала нужда. Да не мора по два пати да излегуваат.

    5. Како не беше претседателот Борис Трајковски во државата? Него не го загрижи прислушувањето, не го загрижи ни тероризмот, ама пишувањето на “Вест” за европскиот претставник Пинто Тешеира сигурно ќе го поттикнеше да го свика Советот за безбедност. Кога Владата мораше да има претточка на седницата да се извини за нашето антиевропско пишување, можам да замислам што ли ќе расправаше премудриот Трајковски со загрижените за  безбедноста на државата.
    Прво премиерот Георгиевски нè подучи дека треба да сме среќни што го имаме Тешеира. Потоа портпаролот Антонио Милошоски го исфали на итно свикана прес-конференција “од на нога”. На крај и министерот Срѓан Керим му се извинил на господинот Пинто за неприличните пишувања на “Вест”. Па се јави дури и директорот на Царинската управа Драган Даравелски. Остави друго, туку и на седницата на Владата сите министри морале да се исповедаат за тоа колку го сакаат европскиот Португалец.
    Со што ли ги задолжил толку? Сигурно со грантовите и вложувањата во Македонија!

    6. Премиерот има волшебен збор, за сите четири годишни времиња кога некој го критикува. Веднаш те обвинува дека си антиевропски и антиреформски.
    Без нив и без Пинто, Европа не нè прима. Затоа треба да сме среќни што имаме луѓе кои ќе нè внесат во ЕУ. Европејци и реформисти пар екселанс. Од Даравелски до Ѓулистана, од Војо Михајловски до Алија Шакиќ, од Мендух Тачи до Амди Бајрам…
    Господине Пинто, имате прекрасно друштво. Одведете нè во Европа и да бидеме среќни.

    7. Блазе си им на западните дипломати во Македонија. Каде на друго место ќе најдат ваква држава. Тие те игнорираат, а други даваат изјави наместо нив. Сите ќе сакаат да дојдат во оваа прекрасна земја, на која ни името не ѝ го споменуваат. Ама, доволно е да им кажат нешто убаво на нашиве или да им премолчат тоа што го гледаат по границите и за што им се жалат обичните граѓани и фирмите, и власта веднаш се подмочува од радост. А тие се толку добри што се подготвени дури и памперс пелените да им ги даваат како подароци и неповратна помош. За да им ги скријат валканиците.
    Ете, и Пинто е многу фин. Тој не пуши. Ама им дава на другите да пушат. На обострано задоволство.
    Не дај боже на Пинто случајно да му се види откопчан шлицот. Па дајте, ве молам, не минирајте го европскиот процес и не попречувајте го потпишувањето на спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ. Завршете ја работата докрај.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира