Забулена преамбула

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:89:"Иматеправонаизбор-АлиАхмети,илиАцеЦиганот

    1. Љубчо и Бранко прават нова влада. Ај и тоа чудо да го видиме. Белки ќе останеме живи, па ќе раскажуваме.
    Сега сите, со месеци ќе се занимаваме со новата влада. Освен ако британскиот амбасадор Дикинсон не ни ја направи владата порано, па ако треба и со Кастриот Хаџиреџа.
    Три години Љубчо си игра со Бранко како што сака. Сега ќе се пазарат, па ќе расправаат за ресори, па за датуми за избори… Мижи Асан да ти баам.
    Што е работава? Или Љубчо е многу паметен, или Бранко е сосема изгубен од пустата желба пак да стане некоја власт во државата.
    Ако е Љубчо толкав мангуп, што си игра со Бранко?Што не си игра со Џафери? Туку, очигледно, Џафери си игра со двајцата. Затоа што се исти. Џафери не ги игра во иста лига.

    2. Лидерот на ДПА си игра со сите нас. Една изјава наутро, друга попладне. Една изјава во Скопје, друга во Тетово. Една изјава дома, друга во странство. И сите му се сведуваат на исто: “Ако не е по мое, Албанците ќе пукаат!”
    Јасно ли му е на Џафери дека исто како што има голораки Албанци со оружје во рака, има и голораки Македонци. И дека 12 дена бандитите од ридовите, во име на човекови права за Албанците, го држеа Тетово под опсада. И дека тие денови ни еден голорак Албанец тетовец, не настрада од соседот, голорак Македонец. Кој уште треба да докажува дека е за соживот и за почитување на правата?
    Ќе дојдеме до дереџе банди да ни делат правда. Па ќе избираме, дали да нè штити Али Ахмети, или Аце Циганот. Видовме како штитат и двајцата.

    3. Вчера беше многу здодевен ден. Петок. Никој не ни дојде на гости. Овие од Европската унија и НАТО изгледа си дале продолжен викенд.
    Гостите велат дека нема да ни го сменат името. Самите ќе си го смениме. Тие ја поддржуваат и унитарноста на Македонија и се против федерализација на земјата. Иако државата веќе функционира со два главни града. Љубчо и Борис ги примаат Солана и Робин Кук во Скопје, а Џафери и Имери во Тетово.
    Добро е што и двата града се блиску и многу слични. И Скопје и Тетово имаат кале. Барем за Калето да не се тепаме.

    4. Што се однесува до промената на Уставот, предлагам едно практично решение што ќе се вклопи во атмосферата на релаксирани односи и во продолжување на реформите на планот на меѓуетничката  соработка.
    Не мора да ја бришеме Преамбулата. Таа може да остане, за ќеф на Македонците. А за ќеф на Албанците, само ќе ја покриеме. Да не ја гледа секој. Ќе имаме забулена преамбула.

    5. Претседателот Борис Трајковски рече дека кога почнале судирите со албанските терористи, доживеал интелектуален шок.
    Му веруваме. Изгледа уште му трае. Никој жив не му ги разбира платформите што им ги кажуваше на лидерите на партиите. Ама, ми се чини дека и самиот не го разбира тоа што му го имаа напишано, а тој божем спонтано си го кажуваше.
    Многу е под шок.

    6. Среќна Нова 1949! ВМРО се мобилизира против внатрешниот непријател. СДСМ демне од сите страни. Секретарот на партијата Војо Михајловски пишува наредби за будност. Секој ден општинските комитети и подрачните ќелии мораат да му јавуваат што правеле клетите внатрешни непријатели од СДСМ. На која јавка се огласува Војо. Младите СКОЈ-евки од ВМРО-ДПМНЕ по цели ноќи дежураат да не им влезе некој надворешен елемент вметнат од Бранко, па да се зезне целата спогодба со ЕУ. Активни се и АФЖ и СКОЈ и селските работни задруги.
    Не дај боже да ја трошат енергијата на некакви терористи што пукаат. Не чини Војо да биде толку буден за активностите на СДСМ. Ќе заспие токму кога коалиционите партнери ќе му се одметнат во шума. Како, на пример, оној Хисни Шаќири.
    Секретарот им наредува на ВМРО-вците и да не се караат меѓу себе. Кој помалку мисли, помалку се кара. Партијата мора да е монолитна. Нема да се караш, ако ич не мислиш.

    7. Авионите на МАТ се приземјени. Завчера летна само авионот за Рим да го донесе министерот за надворешни работи Срѓан Керим.
    Интересно како историјата се повторува. Во 1996 година, два дена по приземјувањето на “Палер”, му беше дозволено да летне само за Рим, и тоа за да го земе тогашниот министер за надворешни работи Љубомир Фрчкоски.
    Или Рим им е баксузна дестинација на македонските компании, како последен лет, или министрите за надворешни работи им се баксуз како последни патници. Пу, пу, пу…
    Изгледа ќе беше најарно да ги оставеа таму.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира