Ж’т в’к

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:66:"Гравот-колатералнаштетанаоризот

    1. А бе, што правеа овие во Охрид? Толку ли беа одушевени од убавините, па не знаеја што потпишуваат? Или беа возбудени од тениските успеси на претседателот Трајковски. Може им се слошило од пастрмките? Или ги удрила сончаница, толку јака, дури сега главите им зовриваат.
    Љубчо ни тогаш никој сериозно не го сфаќаше. Ама, на Бранко сега ли му текна да го враќа народот во Уставот. А да се вратеше малку со времето. Беше ли и тој во Охрид, или само така ни се чинеше?
    Потпишаа ли тие, или не потпишаа? И сега Џафери и Имери се миротворците. Нека се фатат Љубчо и Бранко за рака и нека се самозапалат. Само нека побрзаат, зашто Љубе може да ги престигне.

    2. Денот “Д” на Љубе Бошкоски беше и помина. Истоварувањето на Шара, како дел од борбата против глобалниот тероризам, е одложено за на зима. Веќе вчера дојде денот “Ѓ”. Враќањето на македонската полиција во окупираните села, уште непочната, се претвора во “Бушава азбука”.
    Штета за Љубе. Неговата акција можеше да стане “Ж’т в’к” за “Килибарната лисица” на НАТО. На в’кот му попуштила концентрацијата. Се прејал ориз.

    3. Што повеќе војна толку повеќе ориз. Што повеќе ориз толку повеќе провизија.
    Љубе вели дека не тргувал со ориз, ама факт е дека гравот од Тетово – отиде. Ќе се префрлиме на ориз. Во рамките на глобалниот антитероризам, ќе заборавиме на гравот. Затоа што и тавче-гравчето е остаток од комунистичките навики. Љубе ќе ни ги смени навиките. Гравот е колатерална штета на оризот.
    Банкарите се покажаа ептен неписмени. Префрлаат по милиони долари, а не знаат правилно да ги испишат имињата. На Љубе му се случи истиот проблем како на Арбен Џафери. Бошкоски бил без “В”, а Арбен бил без две точки на “Е”. Па нашиот Љубе, не е Љубе со оризот, а и нашиот Арбен , не е Арбен со парите од Американците. Нашиот бил – Арб’н. Ама од почит кон јазикот на мнозинството, ни дозволува да го викаме Арбен.

    4. Љубе ги фрустрира Ламбе Арнаудов и Војо Михајловски. Тие штедат, ли штедат за да купуваат, а Љубе за еден ден можел да направи милион долари. По оваа изјава на Љубе, акциите на ергените од ВМРО-ДПМНЕ драстично паднаа. Само Далаверски се држи на берзата. Тој не се врза со доларот. Тој е врзан со марката.
    Сигурно сега во партијата го караат што им го урива угледот на ергените. Ако Љубе може да направи еден милион долари дневно, а не сака, колку може да направи Љубчо, а сака.

    5. Што му требаше на Пердју да му оди на гости на премиерот Георгиевски. Му дојде на нож на Љубчо, поради лажиците и виљушките во Идризово. Не виде дека е полна месечина?

    6. Портпаролот на НАТО во Македонија Марк Лејти бил на свадба во Тетово. Таму многу пукале. Повеќе отколку ловџиите пред една недела. Ама бидејќи употребувале и минофрлачи, изгледа дека бившата ОНА многу се веселела. Сигурно ОНА се мажела. А многу пукале зашто не ја давале невестата.

    7. На Андов му влегол шпион во кабинетот. И тоа сосе преведувач. Не знам што барал шпионот на брифинг кај Андов? Мислел ќе открие што ујдурма ќе смисли за денеска.
    Ама, се зезнал.  Андов не работи од ден за ден. На секој саат му текнува по нешто.

    8. Кога сме веќе кај Андов, би сакал посебно да го поздравам и да му го соопштам следново:
    Вчера и завчера обезбедувањето во Собранието одеше по новинарите на ВЕСТ и ги прашуваше да не се случајно тие Насер Селмани, зашто нему му било забрането да известува од брифинзите на спикерот.
    Ова го немаше ни во ваше време, господине Андов. На седниците на ЦК ги пуштаа акредитираните новинари.
    Господине Андов, вие сте државен службеник кој ние го плаќаме и немате право да селектирате новинари, особено не да ги делите на подобни и неподобни.
    Ние, и во иднина, на вашите брифинзи ќе го праќаме новинарот на ВЕСТ Насер Селмани. А вие, повелете, избркајте го!

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари