Жедна Доста

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:71:"Братотисестратајазавршилеработата

    1. На сите разочарани што досега ги нема на списокот на прислушуваните, Бранко им влеа нова надеж. Стрпете се. Анонимниот извор се јавува на секои две-три недели, со по седумдесетина нови имиња. Кај и да е, и вашето име ќе се појави. Изворот тече ли, тече…
    Аферата со прислушувањето стана поинтересна и од “Супер бинго”. Таму е сè јавно. Игор им врти телефони на луѓето и сите ги слушаме што зборуваат. Во “Супер прислушување”, пак, неизвесноста е поголема. Знаеш дека те слушаат, ама не знаеш кога ќе те објават и кој муабет ќе го изберат. Не си сигурен дали можеш да имаш верба во изборот на тие што слушале. Немаат слух. Оти, Бранко вели дека дека Доста му дала устен налог на еден началник, началникот ја повикал началничката, началничката им кажала да слушаат на прислушувачите… Тате на мама, мама на бате, бате на дада… Братот и сестрата ја завршиле работата.
    По овие обвинувања, Доста го врати ударот. Рече дека Бранко е вербален терорист. И за да не го уапси, тој замина за Германија. Бранко можеби  навистина е терорист, ама тоа не значи дека Доста не прислушувала. А и не знае. Од каде да знае, кога Бранко не ѝ го кажува изворот. Сака да ја преведе жедна преку вода.
    Ама Доста е непреводлива. Таа ништо не признава. За одговорноста ќе каже пред парламентот. Ако и даде Андов, зашто уште не закажува седница.
    Се ќе се знае кога ќе проговори сведокот. И кога ќе го заштитат. Засекогаш. Има различни начини за заштита на сведоци. На пример, ќе оди на лов. И ќе замрзне. Или, од необјасниви причини, некој шлепер ќе премине на левата страна од коловозот.  Или одеднаш, зеленото светло ќе стане црвено. Се расипал семафорот.

    2. Додека Бранко прави список на прислушувани, Љубчо прави список на желбите. На списокот му се јавило и името на Филип Петровски. Филипчо најмногу сакал да оди во Њујорк. Му нашле место – генерален конзул. Министерот за надворешни работи Срѓан Керим веднаш најде и образложение. Детето знаело англиски јазик. Освен тоа, Керим му објаснил на Филип дека тоа во Њујорк е сериозна работа.
    Не знаеме дали Керим заборавил да му каже на конзулот дека во САД сега се води кампања против носење огнено оружје. И дека во Њујорк, ако се тепа по дискотеки, како во Скопје во Градскиот парк, или ако пука со пиштол на Тајмс сквер, може да предизвика дипломатски инцидент. Иако, и тоа ќе му го простиме. Емотивно било момчето.
    Неговите најголеми квалитети, според интервјуто што вчера го објави “Вечер”, се во неговото богато политичко искуство. Филип вели дека осум години во политиката му биле доволни да го прифати дипломатскиот предизвик. И дека Џорџ Буш Јуниор за шест години станал претседател на САД. Зошто тогаш Филип со неговото богато осумгодишно политичко искуство го уназадиле со генерален конзул во Њујорк?
    Значи, Џорџ Буш уште не ни размислувал за политика, кога напредниот Филип штрајкуваше со глад, за одбрана на македонската кауза во шаторите пред Собранието на Македонија. Американскиот претседател не е свесен што може и самиот да добие што ќе го има Филип во Њујорк. На само еден час летање од Вашингтон има извор со богато осумгодишно политичко искуство, а башка знае и англиски. Секогаш кога Буш ќе падне во дилема дали да вложува во проектот “Војна на ѕвездите”, или да ги остави американските војници на Балканот, може да му се јави на Филип. Со своето искуство, Филип сигурно ќе му даде добар совет.
    Смејте се, смејте се… Ама тие и дипломати станаа.

    3. На списокот на желбите немаше место за Ѓулистана. Не ја ставија да биде франкофонка. И неа ја уназадија.
    Таков талент не заслужува да биде прескокнат. Жената ја бидува за сè. Не знам како стасува да одговори на сите обврски. Малку на Управен одбор во Скопски саем, па оттаму до аеродром во Управен одбор на ЈПАУ “Македонија”, па малку се занимава и со здравство во Одборот на Клиничкиот центар, во меѓувреме го шета мажот и до Стразбур како европарламентарка, па дури и во мода се разбира – дели награди на “Модест”.
    Љубчо, дај и на жената. Нека биде и франкофонка. Белки и таа знае англиски.

    4. Се бара стечаен управник за Демократската алтернатива. Циле рече дека сега ДА се наоѓа во фазата на сопствениот развој. Во моментов има седум пратеници. До 21 март, кога ДА слави роденден, треба да останат тројца. За да биде сè во знакот на “три”. Три години од партијата, Циле во потрага по третиот пат, тројца сигурни членови на партијата – Циле, Сашо Димитров и Вања Битољану.
    КОЛУМНАТА “САКАМ ДА КАЖАМ” Е ДОБИТНИК НА “ЗЛАТНА БУБА МАРА НА ПОПУЛАРНОСТА” ЗА 2000 ВО КАТЕГОРИЈАТА НАЈЧИТАНА СТРАНИЦА

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира