ЖЕНСКИ ГЛАВИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:92:"Патем,сестро,многуубавовистоиноватауниформа.

    1 Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера попушти пред демонстрантите на плоштадот Таксим во Истанбул. Ама ние во Македонија подолго од него издржуваме. Не попуштаме. Толку сме се специјализирале во организирање антипротести, така што вчера, во недостиг на домашни протести на кои треба да им се контрира, во Скопје и во Гостивар се организираа контрапротести на протестот на Таксим. И ние, како и Ердоган, сакаме да се гради во паркот Гези на Таксим.
    По вчерашната поддршка до турскиот премиер да се справи со демонстрантите на Таксим, реално е да очекуваме и награда што сме се сетиле на него. Во знак на благодарност, Ердоган ќе ни испрати подарок. Борна кола со воден топ и солзавец. Ептен тамам подарок.
    2. Откако се покажавме дека можеме да правиме и меѓународни контрапротести, време е оваа активност да ја професионализираме. И така да правиме извоз на интелектуален труд. Треба да се регистрираат агенции за контрапротести. По системот на јавно приватно партнерство. За да може протестантите да се вработуваат. Да земаат дневници, надомест за прекувремена работа и работа на празник. Да им тече некаков стаж, да може пензија да земат. Не може цел живот само за сендвичи и сокче да работат. А во Агенцијата за вработување оваа професија ќе се води под посебна шифра антипротестант.
    3 Имаме ние уште еден транзициски феномен. Се вика верник протестант. Ама не протестант во смисла на практикување на христијанската религија туку како човек што протестира од името на верата.
    Неколку стотини верници протестираа пред општина Центар за да го спречат уривањето на црквата “Свети Константин и Елена”, која е во градба. И за која никој не рече дека ќе ја урива. И никој не се ни обиде да ја урива. Напротив, сите викаа, а најмногу градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, кој упорно тврди дека никогаш не рекол дека црквата ќе се урива. И упорно повторува дека црквата ќе се гради.
    Ама верниците не му веруваат на Жерновски. Викаа против него, ја кршеа оградата околу општината, кршеа прозорци со камења, колнеа и пцуеја. На крај, советниците од ВМРОДПМНЕ прогласија победа и рекоа дека верниците успеале со протестите да ја спасат црквата. Значи, они верувале во идејата дека црквата ќе се урива и протестираа таа да не се материјализира. Докажаа дека преминот од идеално во материјално е критичен, и ја искршија општината.
    Снимките од одбраната на црквата покажаа дека тие што се викаа верници и кои тврдат дека атеистите се најголемото зло на светот, во својот духовен занес и богољубиво блажество го изговорија и следново: “Горниот ќе те казни, да тибам се, да тибам детето”.
    Кога ги видоа овие духовно исполнети луѓе, клетите атеисти длабоко се преиспитаа во себе.
    4 Па и не мораа да праќаат верници со јајца. За поелегантно решение требаше да им ги расипат лифтовите на советниците од СДСМ. Тогаш не ќе мораше ни полицијата да седи пред општина Центар и да фаќа сеир.
    5 Кога државата е помножена со нула, се најде еден владика да повика на разум и им одржа лекција по демократија на демохристијаните. Владиката Пимен случајно се сретнал со пратеникот на ВМРОДПМНЕ Илија Димовски. Пратеникот го укорил владиката поради неговите либерални ставови и повици на разум, на што Пимен му одговорил: “Секој има право на свој став, на свое мислење”.
    Сигурно Димовски оваа лекција од Пимен ја сфатил како богохулие. Оти неговото мото е: “Секој има право на мое мислење”.
    6 Пациентите што се специфични случаи и треба под итно да закажат биопсија за испитување на евентуално малигно заболување не можат никаде да закажат преглед оти во ниедна болница нема лекар да направи пункција ниту, пак, таков што ќе го прочита резултатот. Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека од јануари 2014 година примероците за биопсија ќе треба да бидат готови за една недела.
    Во меѓувреме, Министерството за здравство издаде протокол за хоспитална култура. Со него се регулираат односите меѓу пациентите и здравствените работници, комуникацијата, облекувањето, начинот на обраќање…
    Додека чекаме да дојде јануари 2014 година, еве како сега би изгледало закажувањето за биопсија.
    Љубезно и со насмевка лекарот ќе ти каже дека треба да дојдеш на преглед. Љубезно и со насмевка сестрата ќе ти каже дека терминот ти е во јануари. И дека како пациент си должен да го почитуваш терминот. И согласно протоколот, љубезно и со насмевка ќе и` кажеш на сестрата: “Многу сте љубезни, ви благодарам оти ми кажавте дека треба да дојдам во јануари. Само не сум сигурен дали ќе успеам да го фатам терминот. Оти во план ми е да умрам до ноември. Така ми рече лекарот на првиот преглед. Ако може со министерот Тодоров нешто да се среди, ако не, фала ви на љубезноста. Патем, многу убаво ви стои новата униформа. И затоа ве молам да имате предвид ако смртта ме спречи телефонски да го откажам терминот за преглед. Се надевам семејството нема да мора да плаќа пенали”.
    И така љубезно ќе се задржиш до протоколот за хоспитална култура. А кога ќе умреш сите ќе викаат: “Што му стана на човекот? Си умре здрав, прав. Ич на лекар не појде”.
    7 Новиот закон за прекин на бременоста, со кој се ограничува правото на абортус, помина во Собранието. По скратена постапка и со мнозинство гласови.
    Од 43 жени кои се во актуелниот состав на Собранието, 23 доброволно гласаа да се ограничи правото на жената да одлучува сама за своето тело и за својот мозок. А останатите 20 пратенички одлучија дека расправата за ограничување на една цивилизациска придобивка не е вредна за нивното присуство и глас.
    Еее, женски глави… И ајде сега да зборуваме за потребата од женска квота во Собранието.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира