ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:89:"ЗоранЗаевнемастав.СтавотдржиговорвоЊујорк

    1 Едно време, прва вест во оваа држава беше дека претседателот Црвенковски и премиерот Груевски се сретнале. И разговарале без посредник.
    Минатата недела напреднавме со политичката зрелост. На Генералното собрание на ОН еден до друг седеа претседателот Црвенковски и министерот за надворешни работи Милошоски. Веста беше дека Црвенковски и Милошоски се сретнаа во Њујорк. И тоа без посредник.
    Врв на политичката зрелост е вчерашната ударна вест. Претседателот Црвенковски и министерот Милошоски патувале со ист авион. И тоа, замислете си, не еднаш. Туку два пати. И од Њујорк кон Цирих и од Цирих кон Скопје. Тоа значи дека дватринаесет часа дишеле ист воздух во ограничен простор. Со што ризикувале да се заразат меѓусебно. Тоа е преголема жртва за Македонија.
    Во Њујорк имаа над 150 претседатели, или премиери, или министри за надворешни работи со кои можеа да се сретнат. Ама кај нас главна вест е дали биле во ист авион.
    И после се чудиме кога ќе дојде Дора Бакојани да ги плесне со стапчето по газот. Или да ги изеде за појадок.
    Во МАТ сигурно веќе сериозно размислуваат како да го одбележат овој историски настан. Авионот со кој од Цирих до Скопје заедно патувале Претседателот и шефот на дипломатијата ќе го крстат со името “Кохабитација”. Или, “Политички дијалог”. Иако, да сум на нивно место јас би го крстил “Дора Бакојани”. Затоа што Грција ќе дозволи слетување на нивните аеродроми. И затоа што ни Дора не може да смисли толку пакости колку што Бранко и Никола можат да си смислат еден на друг.

    2 Додека ние се забавуваме со изјавите на Груевски во Скопје и соопштенијата на Црвенковски од Њујорк, посредникот во преговорите Метју Нимиц ситуацијата ја сфати сериозно. Па дури од Њујорк нѐ тешеше дека Претседателот и премиерот имале усогласен став за името.
    Зошто министерот Милошоски плачеше на телевизија дека Црвенковски не го викнал на средбата со Нимиц?
    Како да го викне? Нели премиерот рече дека го испраќа министерот, ако треба да му биде “од помош на Црвенковски”. На Бранко не му требало помош, па не го викна Антонио. Освен тоа, и онака и кога доаѓа во Скопје, Нимиц го примаат одвоено Груевски и Црвенковски. Зошто Милошоски би знаел што прави Бранко со Нимиц, а Бранко не може да знае што прави Груевски со Нимиц.
    Еднаш веќе напишав дека најдобар начин да се реши спорот со Грција е Атина да се повлече од преговорите. Да ги пушти Црвенковски и Груевски да преговараат меѓу себе. Оти едниот си се консултира со преговарачот Никола Димитров, а другиот со министерот Милошоски. А Нимиц го примаат во одвоени средби. И “првата страна” не знае што договорила “втората страна”.
    Ако тоа не е намерна тактика за збунување на непријателот, тогаш вистинскиот проблем за Македонија во спорот не е Грција , туку Црвенковски и Груевски.

    3 Кога министерот Милошоски се јави по телевизиите да се жали дека Бранко не го викнал на средбата со Нимиц, ми изгледаше како мало дете што се жали: “Мамо, мамо, овој не ми дава да си играм”.
    Бидејќи однесувањето на нашиве државници личи на детска градинка, на “Златно славејче” повторно може да биде актуелна една стара песна. Треба да се искористи заедничкото возење во авион како симбол на политичко созревање за да се потсетиме на хитот “Авионче бело крило, над облаци ти што леташ, ти се молам Бранко и Антонио, смирени да ги слеташ”.
    Ги гледав сите вести цела недела и си се прашував: “Додека тие се занесени во играта, дали воопшто мислат на нас?”

    4 Привремениот претседател на СДСМ Зоран Заев завчера немаше став дали неговата партија е за укинување на цензусот за избор на Претседател.
    Откако Заев, уште кога го апсеа и го амнестираа, за “Слободна Европа” се прослави со изјавата дека во спорот со Грција “треба некојпат да си свиткате кичма” и откако како новоизбран претседател на СДСМ се извини за грешките на претходниот и иден лидер, завчера реши да нема став.
    Ставот во тој момент држеше говор во Њујорк.

    5 Спикерот на Парламентот Трајко Вељановски на амбасадорите на земјите од ЕУ им се извини за брзото донесување на стотина закони, без учество на опозицијата и експертите.
    Како бе така? “Извини, ама се стори”. И сега што правиме со законите?
    Така ми се извинуваат дома и децата кога ќе направат беља. Ме гледаат во очи, ми велат: “Извини, нема да правам така” и тераат по свое. Имаат три и шест години.
    Трајко, имаш карти за “Златно славејче”?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира