ЗООЛОШКА ГРАДИНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:131:"Акопцујатодпарламентарнаговорница,каколисигивоспитуваатдецата

    1. Обично, кавгите во семејствата се случуваат кога нема доволно пари. Во владиното семејство, пак, се случува токму спротивното. Владата се фали дека има многу пари во Буџетот. Љубчо и Циле се скараа зашто не можеа да се согласат како да ги поделат.
    Не за џабе се рекло дека парите се отепувачка. И дека ги расипуваат луѓето. Така и Љубчо и Циле. Ем имаат пари, ем се караат. Значи дека Владата ни е аздисана.
    Оваа караница меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДА се случува сезонски – редовно. За колекцијата есен-зима, во мода е делбата на Буџетот. До кога ќе се караат Љубчо и Циле? Се знае – до 24 ноември. Тогаш завршува ревијата. После пак ќе се смират. Ќе се скараат напролет. За колекцијата пролет – лето.
    Во караницата курбан отиде Радмила Кипријанова. Остана спакувана – нецеливана. За разлика од неа, Циле и со неспакувани куфери, пак замина. Се скара со Љубчо и летна за Париз.

    2. По тринаесетдневна дискусија во парламентот, потпретседателот на Собранието Томислав Стојановски, конечно ја расчисти суштинската дилема на своето постоење. За џабе се прашуваше дали е магаре? Проблемот со кризата на идентитетот му го реши Абдурахман Алити. Тој му рече дека е мајмун.
    Алити тој заклучок го извел по логика. Ако Стојановски беше магаре, ќе го слушнеше Слободан Даневски како својот колега го именува Несери. Барем магарињата имаат големи уши. Да го слушнеше, ќе рикаше од смеење. Вака само се смешкаше, задоволен дека конечно се најде пратеник достоен за да си ги одмерат глупостите.
    Случајно или не, истиот ден во Скопје, пејачката Јулија отвори зоо-кафе. Штета што е подалеку од Собранието, на друг дел од градот. Најдобро ќе беше Саво да и го најми бифето и пратеничкиот клуб. Само му е страв да не се пожали Друштвото за заштита на животните. Што ако миленичињата на Јулија, по дружбата со парламентарците се разбегаа по скопските улици. Ете, Ристо Пенов почна да ги собира коњите од центарот на градот. Ама, бидејќи е опозиција, власта му прави опструкција, па не му дава да влезе и во парламентот.
    По оваа сесија, Собранието нема да биде исто како порано. Може да биде само уште полошо. До каде отидоа пратениците со своето познавање на животинското царство, ќе го бараме Митко од првиот состав. Тој барем споменуваше врапчиња. И ја венчаваше Македонија. Ама барем не пцуеше. Кога пцујат од парламентарна говорница, како ли дома си ги воспитуваат децата.
    Гледате кого сме избирале!? Цела држава ни се претвори во зоолошка градина. И после некој се лути што ни викаат дека сме овци и нè третираат како стадо.

    3. На охриѓани и стружани езерото пред очи им истекуваше, а тие глас не пуштија. Во Охрид уште бираат градоначалник, а стружани си ги примопредаваат мандатите, така што мораа да прочитаат во весниците што им се случува дома. Можеби фати клетвата: “Да дајт господ да се исушит езерото, да не се к’пат скопјаништата”. Што бараше министерот Тони Поповски да пушта инспектори и од заседа да го спасува езерото? За жал, пак летово ќе им доаѓаат туристи.
    Премиерот првин нè убедуваше дека вода има повеќе и од пари во Буџетот. После кога дури и Владата виде дека водата си отишла, Љубчо го откри виновникот. Проработел планот “Б” на СДСМ. Мора оној сиромашкиот од хидрометеоролошката управа во Охрид да бил непоправлив СДСМ-овец, штом е тој единствениот виновник за истекување на водата.
    Туку, беља работа. Не знаеш што е полошо. Да имаш плажи со скопјани, или да пресуши водата па да имаш ниви. Па охриѓани и стружани ќе мораат да купуваат трактори, да ораат, да сеат, да жнеат… Вака, со туризмот, ништо не работат.
    Министрите во Владата не верувале дека сликите што ги објавивме биле автентични. Портпаролот Милошоски рече дека тие фотографии биле направени на места каде што со години наназад водата била повлечена. На нив се гледаше дека кајчињата наместо во вода, се закотвени на плажа. Сликите беа направени во Струга. Тоа е затоа што стружани, за инает на охриѓани, кајчињата наместо по езеро, ги возат по песок.

    4. До кога среде Македонија ќе се палиме ако некакви Бугари ни кажуваат дека не сме Срби, а Србите дека не сме Бугари.
    На секој будала ли ќе му објаснувам дека сум Македонец!?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира