ЗРЕЛО ЗЕЛЕНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:58:"Глупави,наивнииликорумпирани

    1 Баш ме интересира на кој начин во СДСМ го бојкотирале новиот празник 23 Октомври. Каква симболика нашле баш тој ден да покажат дека не празнуваат.
    Видовме, лидерката Радмила Шеќеринска во вторникот се беше фатила за работа. Беше во Битола и даваше изјави. Другите од нејзиното опкружување, за инает на Владата, не отишле во Солун на шопинг, како што ги слават празниците што ги признаваат кога ќе се паднат во работен ден.
    Тоа е исто како кога ПДП не гласаше за Уставот во 1991 година и за тоа си зеде право да не го почитува. Тоа е исто како што сега ДУИ и ДПА велат дека нема да ја почитува одлуката на Уставниот суд за употреба на знамињата.
    Ај што СДСМовците работеа на празник туку уште и се заканија дека кога ќе дојдат на власт, ќе го укинат празникот. Фино. Само се прашувам кога ќе дојдат на власт со такво однесување.
    Баш ми е гајле кој кого ќе исвирка на 8 Септември, кој каде ќе се појави на Илинден и кој кого ќе го шиканира на 11 Октомври. Ама многу ми е криво кога како граѓанин на Македонија ме идентификуваат со такви незрели политичари.
    Законот бил изгласан во Собранието. Го потпишал Претседателот на државата. А претседател е Бранко Црвенковски. И видете сега каква замрсена политичка ситуација имаме во земјава. СДСМ не почитува закон што го потпишал Бранко. А ВМРО-ДПМНЕ ептен почитува закон потпишан од претседател што не го признава. Не им е лесно. И на едните и на другите.
    Кој да има доверба во политичари што мислат дека ако тие не гласале за закон што е изгласан во Собрание, законот нив не ги обврзува и не треба да го почитуваат.
    Сигурно ќе влеземе во ЕУ. Затоа што на Европа само вакви политичари ѝ фалат.

    2 Вчера во Собранието се промовираше пратеничко Зелено лоби. Бидејќи се договориле одлуките да ги донесуваат со консензус, уште на стартот не успеаја да се договорат за претседател.
    Значи стварно се зелени.
    Во Собранието не треба зелено лоби. Вистинскиот настан ќе биде кога ќе се појави зрело лоби. Оти сите се зелени. Гарантирано.

    3 Штом одлуката ТЕЦ “Неготино” да не се продава на “Хач” ја соопшти вицепремиерот Зоран Ставрески, би требало да веруваме дека таа одлука е конечна. Затоа што самиот Ставрески три месеци раскажуваше други верзии.
    Не ги видовме ни Александар Бичиклиски ни Влатко Ѓорчев, а богами ни Ивица Боцевски да ја поддржат новата верзија на вицепремиерот, како што ги поддржуваа претходните.
    Кога купуваш нешто поскапо, дури и во продавница, ако сакаш да платиш со чек или со картичка, ти бараат лична карта или пасош за да се идентификуваш. Како Владата на “Хач” не му побарала ни лична карта ни пасош, а сакала да му продаде нешто за над 60 милиони евра.
    Во одбраната на последната одлука Владата треба да избере една од понудените опции. Треба да одговорат дали биле
    а) глупави
    б) наивни
    в) корумпирани

    4 Директорот на државните електрани Владо Чингоски на прашањето на новинарите дали на Македонија ѝ се заканува енергетска криза, одговори: “Вие имате струја дома? Е па!?”.
    Кога да го прашаме Чингоски дали ќе има струја? Кога ќе снема!?
    Тој има типично македонски пристап на смислата на животот. Јас да си имам дома, а за другите баш ми е гајле. И ништо да не прашувам туку само да слушам. А кога ќе немам, ќе си плачам и ќе си пеам жални песни дека таква ми била судбината. Да си живеам во темница.

    5 Во три наврати пратениците бараат итни седници за итни настани во кои загинаа цивили, војници или полицајци. Расправа за пожарите, па за нападот кај Ваксинце и сега за нападот кај Танушевци.
    Си зборуваат со денови. И не донесуваат заклучок. Не ми е криво што тие џабе зборуваат. Туку за тоа што бадијала ни ги трошат парите.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира