ЗУРЛИ И ТРУБИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:167:"МирјанаМарковиќќеодинашопингвоСолунбезвиза,прекусрпско-грчкиотпреминБогородица

    1. “Черешна се од корен корнеше, Кекене се од армоника делеше, во политика се селеше…”
    Веста за изборот на еден од најдобрите македонски армоникаши Јован Кекеновски за потпретседател на Собранието на Скопје болно одекна меѓу сите вљубени двојки кои имаа намера токму тој да им свири на свадба. Разочарувањето е големо и сосема разбирливо, зашто дури и во случај амбициозниот потпрет­седател на Скопје да се согласи некому да прави штимунг на семејната веселба, за таа прекувремена работа на самостојниот музички уметник ќе треба да му се исплати и функционерскиот додаток.
    Од додатокот се откажала музичката придружба на Јове Кекене. Проблем прават само зурлаџиите. А зурли, барем досега, во скопското собрание имало доволно.
    Оркестарот на главниот град, под диригентската палка на Миле Жица и со асистенција на првата армоника Јове Кекене, е комплет вмровски. Се подразбира дека репертоарот им е составен исклучиво од македонски старореволуционерни песни. А најубавите македонски песни се тажни. Ако тргнеме по таа логика, иднината на скопјани ќе биде – солзи.
    2. Кога човек подобро ќе размисли, можеби е подобро да се давиш во солзи, отколку во ѓубре. Довчерашниот претседател на МААК Гане Тодоровски, кој во моментов ја врши функцијата доживотен духовен водач на Движењето и Партијата, неодамна во интервјуто за весникот “21” изјави дека ВМРО е отпадот на МААК. Затоа сепак радува изборот на музиканти за “дрмање” во Скопје, ако за ништо друго, тогаш барем со песни и ора практично да ја отфрлат тезата на пензионираниот ректор на Универзитетот за школување Македонци.
    На градските одборници образованието не им е којзнае колку добра страна, па веројатно и не обрнаа внимание на беседата на Гане Тодоровски на конгресот на МААК, кога по втор пат на јавноста ѝ соопшти дека “МААК е политичко движење и партија што треба да векува, да биде масовна школа на македонството која ќе произведува, формира и оспособува ВКВ Македонци”. Подобро што не го разбраа, инаку ќе се откажеа од војводата Љупчо Георгиевски. Тој прво беше во МААК, па сега некако му доаѓа дека таму не можел да ги положи испитите. Остана нискоквалификуван Македонец. Згора на тоа и отпадник.

    3. Куманово како најзаслужен град во Македонија за развој на теоријата на антибирократска револуција стана седиште на истурено одделение на Школата за висококвалификувани Југословени при Универзитетот “Слободан Милошевиќ” од Белград. Се дознава дека за тоа најзаслужни се оние возбудени жени, што ги фати камерата на ТВ Белград на сесрпскиот митинг пред Палатата на Федера­цијата, што мафтаа со листот хартија на кој пишуваше “Куманово”. Велат, се пока­жале добри ученички кај Буба Морина, професорката во убаво однесување и добро воспитување, со посебен осврт на Анте Марковиќ.
    Завчера, со трупата што се движи на Југославија, во Куманово гостуваше и сопругата на Милошевиќ, Мирјана Марковиќ. Во своето предавање повика на војна против братоубиствена војна. Војната треба да започне токму од Куманово.
    Зошто Колишевски, кога го подарувал “Прохор Пчињски”, на Србите не им го подарил и Куманово? Така можеби ќе се спасевме од заканите на д-р Марковиќ која, образложувајќи ја теоријата на својот сопруг “Сите Срби од вселената во една држава”, ни се заканува дека “во случај на распад на Југославија, опасноста од губење на идентитетот во најголема мера му се заканува на маке­донскиот народ”.

    4. Се очекува, на борбениот повик на Мирјана Марковиќ, кумановчани, пред­во­­дени од своите воинствени другарки, да нé спасуваат од братоубиствена војна и присилно да нé зачленуваат на Академијата за висококвалификувани Југосло­вени. Бидејќи, како Македонци – лошо ни се пишува. Ќе ни се изгуби иден­титетот. А како Југословени ќе имаме нагласен српски идентитет.
    Во меѓувреме, во знак на традиционалното грчко-српско пријателство, грч­киот премиер во парламентот веќе на големо зборува за грчкиот сосед – Србија! Кога ќе заврши војната и кога комплетно ќе го изгубиме идентитетот, Грците во Југославија нема да влегуваат преку Димитровград, туку на српско-грчкиот премин Богородица. А Мирјана Марковиќ ќе оди на шопинг во Солун без виза.
    Од Грција ќе ни купува маслинки, кафе, алва и маргарин. За да не бидеме гладни. Во Куманово ни рече: “Македонскиот народ секогаш бил патриот, ведар и сиромашен. Патриот и ведар треба да остане, но сиромашен повеќе не треба да биде”.

    5. Во нејзина чест ќе мачкаме грчки маргарин и ќе јадеме бурек со маслинки. А за ведро расположение не треба да се грижиме. Си ги имаме зурлите. Тие, во новосоздадените услови, ќе се претворат во труби – ДРАГАЧЕВСКИ.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира