Ана Цветановска го зазеде 105. место на трката на 10 километри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Таа ја помина оваа делница за време од 31 минута, 32 секунди и четири стотинки и на крајот имаше заостаток од осум минути и 43 секунди зад новата олимписка шампионка Фрида Карлсон од Шведска. Цветановска го подобри за повеќе од 3 минути својот резултат од зимските Олимписки игри во Пекинг 2022.
На стартот се појавија 111 натпреварувачки, од кои три не ја завршија трката. Ова е единствената дисциплина во која ќе настапи Цветановска, која беше во олимпискиот тим и пред четири години во Пекинг.
Среброто ѝ припадна на Швеѓанката Еба Андерсон, а бронзата на Американката Џеси Дигинс.



