Еуролинк осигурување втора година по ред организира бесплатната пливачка школа за 120 деца на возраст од 7 до 12 години, повторно под раководство на поранешната олимпијка Наташа Мешковска, соопшти осигурителната компанија. Годинава, освен во Скопје, школата ќе се реализира и во градовите Кавадарци и Битола.
Часовите ќе се реализираат по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за 8 до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники по пливање.
Пријавувањето за летните пливачки школи започнува од: Скопје од денеска до 8 јуни, Битола од 26 јуни до 3 јули и Кавадарци од 7 до 14 јули.
Летните пливачки школи ќе се одвиваат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 12 до 23 јуни, СЦ „Император“ во Битола од 5 до 12 јули и Градски базен во Кавадарци од 17 до 24 јули.
Родителите може да ги пријават своите деца со испраќање порака на [email protected] со испраќање на следните податоци: име и презиме на детето учесник, возраст, висина, тежина, име и презиме на родителот и контакт-телефон на родителот.