ЧЕКОР ПО ЧЕКОР, НИ ОСТАНА УШТЕ ПСЖ, КАЖА ЦИНДРИЌ ПО ПЛАСМАНОТ НА ВАРДАР ВО ФИНАЛЕТО НА РАКОМЕТНАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

    ЧЕКОР ПО ЧЕКОР, НИ ОСТАНА УШТЕ ПСЖ, КАЖА ЦИНДРИЌ ПО ПЛАСМАНОТ НА ВАРДАР ВО ФИНАЛЕТО НА РАКОМЕТНАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИХрватскиот ракометар беше прогласен за МВП на полуфиналниот меч меѓу Вардар и Барселона. (Фото: ЕХФ/Твитер)

    Лука Циндриќ беше стрелец на решавачкиот гол за Вардар во победата од 26:25 против Барселона во полуфиналето на фајнл форот од ракометната Лига на шампиони во Келн. Хрватскиот ракометар, кој беше прогласен за МВП на натпреварот, кажа дека одат чекор по чекор кон остварување на сонот, но ќе биде тешко против Пари Сен Жермен во утрешното финале.

    „Одиме чекор по чекор и еве тука сме, во финалето. ПСЖ има навистина квалитетни играчи и сигурно ќе биде многу тешко. Ни останува да се одмориме вечерва и потоа да се обидеме да победиме и утре“, рече Циндриќ по мечот.

    Утрешното финале е со почеток од 18 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира