ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ СТАНА ПЕТТИОТ МАКЕДОНЕЦ КОЈ ГО ПРЕПЛИВАЛ КАНАЛОТ ЛА МАНШ

    ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ СТАНА ПЕТТИОТ МАКЕДОНЕЦ КОЈ ГО ПРЕПЛИВАЛ КАНАЛОТ ЛА МАНШПоп Ацев го преплива каналот за девет часа и 43 минути (Фото: Фејсбук)

    Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го препливал каналот Ла Манш, долг над 33 километри, за што му требаа девет часа и 43 минути. Претходно, еден од најголемите пливачки подвизи го остварија и Нико Нестор во 1959, Атина Бојаџи во 1969, Томи Стефановски во 2009  и Игор Димовски во 2010.

    Огромни честитки за Евгениј Поп Ацев, кој го комплетираше пливањето во Ла Манш за неверојатно време од девет часа и 43 минути“, објави Пливачката асоцијација на Ла Манш.

    Триесет и седумгодишниот Поп Ацев е еден од најуспешните македонски пливачки маратонци, дисциплина во која се натпреваруваше од 2007 до 2021 и трипати беше светски првак. Во 2015 стана првиот Македонец кој победил на Охридскиот пливачки маратон. Тој е член на Меѓународната сала на славните за маратонско пливање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира