ФАТМИРЕ БАЈРАМОСКА И АЛБАН БАЈРАМОСКИ ОСВОИЈА СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ ВО КРОС КАНТРИ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ТОРИНО

    ФАТМИРЕ БАЈРАМОСКА И АЛБАН БАЈРАМОСКИ ОСВОИЈА СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ ВО КРОС КАНТРИ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ТОРИНО23-годишната Фатмире и 32-годишниот Албан со сребрените медали во Торино. (Фото: Специјална олимпијада Македонија)

    Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамоски од Специјална олимпијада Македонија освоија сребрени медали на Светските зимски игри во Торино.

    Двајцата се натпреваруваа во дисциплината крос кантри – 50 метри – класична техника.

    По успешните настапи во квалификациите вчера, тие денеска во финалињата ги освоија вторите места во своите групи и се искачија на победничкиот пиедестал.

    Околу 1.500 спортисти од над 100 земји се натпреваруваат во 8 спортови на Светските зимски игри во Торино.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира