ИГРАЧИ НА БОКА ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДОТ НА НИВНИОТ АВТОБУС ПРЕД ФИНАЛЕТО НА КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС

    ИГРАЧИ НА БОКА ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДОТ НА НИВНИОТ АВТОБУС ПРЕД ФИНАЛЕТО НА КОПА ЛИБЕРТАДОРЕСАвтобусот на Бока беше нападнат додека се движеше кон стадионот „Монументал“ (Фото: Гети)

    Реваншот од големото финале на Копа Либертадорес беше одложен за 24 часа, откако фановите на Ривер плејт го нападнаа автобусот со кој патуваше тимот на лутиот ривал Бока џуниорс.

    Место синоќа, мечот ќе се игра вечерва, кога ќе се добие новиот клупски шампион на Јужна Америка. Одлуката беше соопштена дури два часа по хаотичните случувања околу стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, во текот на кои почетокот на Суперкласико на двапати беше поместуван.

    Неколкумина фудбалери на Бока, вклучувајќи го и Карлос Тевес, се здобија со исеченици од искршените прозорци на автобусот, а полицијата употреби солзавец за да ги растера напаѓачите. Некои играчи се пожалиле на вртоглавица и повраќале, а Пабло Перес и Гонсало Ламардо завршиле во болница со исченици на главата.

    „Пабло беше пуштен од болница со преврзано око. И други играчи имаат исеченици. Не можевме да дишеме од солзавецот. Не можеме да играме во вакви услови“, изјави Тевес.

    Ова е првпат во 60-годишната историја на Копа Либертадорес Бока и Ривер да играат заедно во финалето. Првиот меч заврши 2:2.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира