Високите цени за хотелско сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот на 8 август беа инспирација за членовите на „WeTalkIT“ заедницата да почнат акција за поврзување на фудбалските навивачи на кои им треба сместување со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој. Поврзувањето оди преку интернетот сајтот „СуперКупСкопје“, на кој што граѓаните може да се пријават да бидат домаќини на навивачи на Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед.
СУПЕРКУПОТ ГИ ДИГНА ЦЕНИТЕ НА СКОПСКИТЕ ХОТЕЛИ ДО 3.000 ЕВРА ЗА ДВЕ НОЌЕВАЊА
За да му овозможите смeстување на некој од фановите, сѐ што треба да направите е да се логирате на „СуперКупСкопје“ и да наведете каков тип на сместување може да понудите. Гостите заинтересирани за сместувањето преку имејл директно ги контактираат оние кои што објавиле сместување, а домаќинот потоа самиот одлучува кој гостин или гости сака бесплатно да ги прими во својот дом.