Кениецот Онезмус Киплагат победи на денешниот Скопски маратон со време од 2:18:19 часа, пред Македонецот Дарио Ивановски. Трет беше уште еден Македонец, Никола Илиевски.
Во женска конкуренција победи Кенијката Катерин Черотич со време од 2:38:48 часа. Второто и третото место го освоија Македонките Билјана Кираџиева и Тамара Попов.
Во полумаратон, победници се Жан Тошев со време од 1:11:56 часа и Адријана Поп Арсова со време од 1:16:12 часа