КИКБОКСЕРОТ БОБАН ИЛИОСКИ И ТАЕКВОНДИСТКАТА МИЛИЈАНА РЕЉИЌ СЕ СПОРТИСТИ НА ГОДИНАТА ЗА 2024

    КИКБОКСЕРОТ БОБАН ИЛИОСКИ И ТАЕКВОНДИСТКАТА МИЛИЈАНА РЕЉИЌ СЕ СПОРТИСТИ НА ГОДИНАТА ЗА 2024инистерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија синоќа ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024. (Фото: Министерство за спорт)

    Кикбоксерот Бобан Илиоски, европски шампион во категоријата до 86 килограми на Европското првенство во Атина е прогласен за спортист на годината за 2024, а најдобра е таеквондистката Милијана Рељиќ, македонска олимпијка и четвртфналистка од Олимписките игри во Париз.

    Синоќа во Националната опера и балет (НОБ) Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024.

    „Им оддаваме признание на најдобрите – спортистите кои со својата посветеност, дисциплина и талент ги поставија највисоките стандарди. Секако, не смееме да ги заборавиме ни тренерите, клубовите, федерациите и сите спортски работници кои со години стојат зад нивните успеси. Денешниот настан е доказ дека спортот ги руши сите бариери – политички, етнички и социјални – и ја обединува нацијата. Во годинава што изминува, Македонија по две децении конечно доби Министерството за спорт. Оваа институција треба да го издигне и да го врати македонскиот спорт на местото што го заслужува. Спортот бара жртви, но носи и многу радосни моменти како овој денеска“, рече министерот за спорт Борко Ристовски.

    Во останатите категории, најуспешен млад спортист е Силвио Мировски (кикбокс), најуспешна млада спортистка Ива Младеновска (ракомет), најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија – сениорки, најуспешен машки национален тим: Ракометна репезентација на Македонија – сениори, најуспешен тренер/селектор е Кирил Лазаров (ракомет).
    Македонската таеквондо федерација е најуспешна национална спортска федерација, а Оливера Наковска- Бикова (стрелаштво) е најуспешен спортист со инвалидитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира