КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СТАНА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СТАНА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈАХари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка и Томе Главчев, претседател на Македонската кошаркарска федерација

    Комерцијална банка стана генерален спонзор на Македонската кошаркарска федерација и обезбеди значајна поддршка за нови успеси на машката кошаркарска репрезентација.

    Ова партнерство претставува повеќе од поддршка, тоа е заедничка заложба за нови спортски успеси во пресрет на претквалификациите за Светското првенство во Катар во 2027“, објавија од Комерцијална банка, која одбележува 70 години постоење.

    На официјалната средба помеѓу Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка и Томе Главчев, претседател на Македонската кошаркарска федерација, партнерството беше официјализирано со заедничка посветеност и ентузијазам.

    Поддршката на спортот е поддршка на вредности кои се темел на секое здраво општество – дисциплина, тимска работа, истрајност и почит. Горди сме што стануваме дел од кошаркарската приказна и веруваме дека заедно ќе инспирираме нови генерации да сонуваат и да победуваат. Веќе седум децении Комерцијална банка континуирано вложува во развој на заедницата, со цел заедно да постигнеме уште поголеми напредок и успеси на кои сите ќе се радуваме“, изјави Костов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира