Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, е избран за нов селектор на шпанската репрезентација, откако неговиот привремен претходник Фернандо Јеро поднесе оставка по раната елиминација на „фуријата“ од Светското првенство во Русија.
Енрике потпиша двегодишен договор и ова ќе биде негов прв тренерски ангажман, откако на крајот на сезоната 2016/17 си замина од „Камп ноу“.
„Ни требаше успешен тренер, кој негува модерен стил на игра. Не зборувавме со никој друг освен со Луис Енрике“, изјави спортскиот директор на Шпанската фудбалска федерација, Хосе Франсиско Молина.
Шпанската селекција ја погоди голем потрес во пресрет на Мундијалот, откако селекторот Хулен Лопетеги беше отпуштен само два дена пред првиот меч со Португалија, бидејќи ден порано беше именуван за нов тренер на Реал Мадрид. И покрај тоа, Шпанија се пласираше во осминафиналето, за потоа да биде елиминирана од Русија на пенали.