Мадона, Шакира и корејската група „Би-Ти-Ес“ ќе настапат на полувремето од финалето на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, што ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 19 јули. ФИФА првпат воведува вакво музичко шоу, што е покарактеристично за американските професионални спортови.
Куратор на 11-минутниот настан ќе биде пејачот на „Колдплеј“, Крис Мартин.
„Шоуто на полувремето од финалето на Светското првенство 2026 ќе биде навистина специјален момент, што ќе ги спои музиката, фудбалот и заедничката посветеност кон подобрувањето на животите на децата низ светот“, кажа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Ова е првото првенство на кое ќе настапат 48 репрезентации, а ќе трае од 11 јуни до 19 јули. Ќе се играат 104 натпревари, 40 повеќе од досега.



