ОЛИМПИЈЦИТЕ ВО ТОКИО ЌЕ ДОБИЈАТ 150.000 КОНДОМИ, АМА ДА НЕ ГИ КОРИСТАТ

    ОЛИМПИЈЦИТЕ ВО ТОКИО ЌЕ ДОБИЈАТ 150.000 КОНДОМИ, АМА ДА НЕ ГИ КОРИСТАТВо Олимпиското село ќе мора да се почитуваат социјално дистанцирање и други коронамерки (Фото: Ројтерс)

    Организаторите на Олимписките игри во Токио ќе им поделат околу 150.000 кондоми на учесниците, но истовремено им порачаа да ги однесат дома и да не ги користат во Олимпиското село, каде што ќе мора да се почитуваат социјално дистанцирање и други коронамерки.

    Големо количество кондоми им се делат на спортистите од Олимписките игри во Сеул во 1988 година за да се крева свеста за ХИВ и сида и организаторите кажаа дека Меѓународниот олимписки комитет побарал дистрибуцијата да продолжи и ова лето. Сепак, на спортистите им е кажано да држат дистанца едни од други, со што им се намалуваат можностите да се мешаат или да имаат секс.

    „Кондомите што ќе им се поделат на спортистите нема да бидат за користење во Олимпиското село, туку за да ги однесат дома и да ја креваат свеста за проблемите со ХИВ и сида во своите земји“, изјавија од Организацискиот комитет за Токио 2020.

    Официјални лица веќе забранија присуство на странски гледачи, а од оние што ќе присуствуваат ќе биде побарано да аплаудираат, место гласно да навиваат и пеат, со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира