Пари Сен-Жермен се договорил со Монако за трансферот на тинејџерската сензација Килијан Мбапе, кој со тоа ќе стане вториот најскап фудбалер на сите времиња.
Францускиот првак ќе добие 180 милиони евра за 18-годишниот напаѓач, но, како што објави весникот “Л‘Екип“, тој ќе ја одигра првата сезона како отстапен играч, со цел да се запазат правилата на финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Имајќи предвид дека претходно плати рекордни 222 милиони евра за Нејмар, ПСЖ на само двајца играчи ќе потроши 400 милиони евра.
Мбапе, за кој силно беше заинтересиран и Реал Мадрид, експлодираше на фудбалската сцена минатата сезона, кога постигна 26 гола на 44 натпревари за Монако, со кое ја освои титулата во Франција и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите. Сето ова му го донесе прекарот новиот Тјери Анри.