РОБЕРТО МАНЧИНИ ЌЕ БИДЕ НОВ СЕЛЕКТОР НА ИТАЛИЈА

    РОБЕРТО МАНЧИНИ ЌЕ БИДЕ НОВ СЕЛЕКТОР НА ИТАЛИЈАРоберто Манчини ќе ја преземе новата функција по завршувањето на сезоната во руското првенство

    Роберто Манчини ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија, откако синоќа постигнал договор со челниците на федерацијата, јавуваат тамошните медиуми.

    Поранешниот тренер на Интер, Манчестер сити и Галатасарај ќе ја преземе новата функција по завршувањето на сезоната во руското првенство, кадешто моментално го води Зенит од Санкт Петербург.

    Италија бараше нов селектор откако Џампјеро Вентура доби отказ по дебаклот во квалификациите за Светското првенство во Русија.

    Манчини треба да потпише двегодишен договор и од него ќе се бара да го обнови тимот, откако Италија ќе го пропушти првиот мундијал од 1958 година. Тој треба да дебитира на новата позиција на 29 мај, на пријателската средба со Саудиска Арабија.

    Манчини одигра 36 средби и постигна четири гола за Италија и беше дел од тимот кој го освои третото место на СП 1990 на домашен терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира