РОНАЛДО СМИРУВА ДЕКА Е ДОБРО ОТКАКО МУ СЕ СЛОШИ НА ИБИЦА И ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА

    РОНАЛДО СМИРУВА ДЕКА Е ДОБРО ОТКАКО МУ СЕ СЛОШИ НА ИБИЦА И ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦАРоналдо бил на одмор на шпанскиот остров кога закачил силен грип (Фото: Гети)

    Двократниот светски првак Роналдо завршил во болница на Ибица откако фатил пневмонија, но кажа дека набргу ќе биде отпуштен.

    Четириесет и едногодишната бразилска фудбалска легенда реагираше по написите во локалните медиуми дека се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата во Сан Мисес.

    „Закачив силен грип на Ибица поради што завршив во болница, но сѐ ќе биде во ред“, изјави Роналдо.

    Тој бил на одмор на шпанскиот остров, кадешто има и куќа.

    Роналдо ја заврши играчката кариера пред седум години поради здравствени проблеми. Тој постигна 62 гола за Бразил, од кои два во финалето на Светското првенство во 2002 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира