Адвокат вели дека синот на легендарниот боксер Мухамед Али бил задржан од службеници за имиграција на аеродром во Флорида. Крис Манчини за „Куриер-Џурнал“ изјави дека 44-годишниот Мухамед Али Јуниор и неговата мајка Калила Камачо-Али, втората жена Мухамед Али, биле задржани на аеродромот во Форт Лодердејл на враќање од Јамајка. Манчини рече дека служениците го испрашувале речиси два часа и постојано го прашувале: „Од каде ти е името?“ и „Дали си муслиман?“.
Адвокатот кажа дека службениците продолжиле да го испрашуваат Али Јуниор и откако признал дека е муслиман. Али Јуниор е роден во Филаделфија и има американски пасош. Службеници на Американската царина и заштита на границите велат дека „не можат да даваат изјави за индивидуални патници“, но велат дека сите меѓународни патници кои пристигнуваат во САД се во нивна надлежност.