СКИ ИНСТРУКОР СЕ НАБИ НА ГРАНКА

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Вајоминг,(Вашингтонпост)

    СКИ ИНСТРУКОР СЕ НАБИ НА ГРАНКА

    Нети Хагуд, 29-годишен ски инструктор во зимското одморалиште „Џексон Хол Маунтин“ во Вајоминг, САД, е скијачот со најнеобичната повреда во историјата на скијачки повреди. Додека скијаше со двајца пријатели, проба да се пробие меѓу дрвјата на патот, а бидејќи премногу се доближи, гранка долга 45 сантиметри му се набила под долната усна, за да потоа излезе од ќошот на устата.

    „Помислив дека можеби каишот на кацигата ми се ослободил и ми се залепил на лицето. Пробав да го отстранам со рака, и тогаш ја допрев гранката“, изјави тој.
    „Почнав да се вртам лево-десно и можев да ја приметам гранката на периферијата на очите. Господе боже, само што се набив на гранка“, додаде Хагуд.
    Потоа тој му рекол на својот пријател: „Еј Пит, види имам нов пирсинг.“

    Хагуд си отиде дома со 15 конци, прекарите „Кармин“ и „Стики“ и сметка од 1.500
    долари од болница. Додека уште пиеше пиво со цевка, Хагуд почна да собира пари за да си ја плати сметката во болницата на интернет сервисот „Гоу фанд ми“, под насловот „Ве молам, помогнете ми да платам за мојата нова усна“.
    За многу кратко време тој успеа да собере 1.500 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира