СЛАВНАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ВАРДАР СЕ ПРОСТУВА СО ЧЕТВРТОТО МЕСТО ВО ЕВРОПА

    СЛАВНАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ВАРДАР СЕ ПРОСТУВА СО ЧЕТВРТОТО МЕСТО ВО ЕВРОПАИ машката екипа на Вардар ја очекуваат големи промени наредната сезона, што секако ќе се одразат врз нејзиниот квалитет

    Ракометарите на Вардар го освоија четвртото место на завршниот турнир на Лигата на шампионите, на простувањето на генерацијата која пред 12 месеци успеа да ја покори Европа.

    Во дуелот што се очекуваше да биде големото финале во Келн, најскапиот тим на светот Пари Сен-Жермен го совлада Вардар со 29:28, за да го освои утешниот бронзен медал, како мала одмазда за ланскиот пораз.

    Иако не во така драстичен обем како женскиот тим, и сега веќе бившиот европски првак ќе претрпи значителни промени во играчкиот кадар наредната сезона, бидејќи веќе е потврдено заминувањето на Штербик, Циндриќ, Македа, Кањељас, Абутовиќ и на Марсениќ. Екипата ја напушта и творецот на вардаровото чудо, тренерот Раул Гонсалес, кој ќе седне токму на клупата на ПСЖ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира