Ставре Јада се пласираше на 83. место на трката на 10 километри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Најискусниот македонски олимпиец оствари време од 25 минути, 28 секунди и девет стотинки и заостана речиси пет минути зад победникот Јоханес Хесфлот Клебо.
На стартот се појавија 113 тркачи, од кои двајца не стигнаа на целта.
Јада, за кого ова е трета олимпијада, претходно беше 89-ти на спринт трката.
Норвежанецот Клебо го освои третото злато на овие Игри, а вкупно осмо во кариерата, со што се израмни со рекордерите Бјерн Дели, Марит Бјерген и Оле Еинар Бјердален.



