Тренерот на Баерн Минхен Карло Анчелоти се соочува со голема казна за вулгарниот гест кон навивачите на Херта по синоќешниот драматичен натпревар без победник 1:1 во Бундеслигата.
Анчелоти вели дека покажал среден прст откако бил плукнат од противничките навивачите по израмнувачкиот гол на Роберт Левандовски за Баерн во 96. минута. Голот на полскиот фудбалер предизвика хаос на стадионот во Берлин, бидејќи играчите на Херта сметаа дека времето е истечено.
Германската агенција ДПА и магазинот „Кикер“ објавија дека Германската фудбалска федерација го истражува инцидентот со Анчелоти.
Во 2014 година, Норберт Дувел, тогашниот тренер на второлигашот Унион Берлин беше казнет со 3.500 евра за покажување среден прст кон противничките навивачи.
Г. МИХАЈЛОВСКИ
Carlo Ancelotti with the🖕to a Hertha Berlin fan who spat at him after the gamepic.twitter.com/uvgQu4hP2i
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) February 19, 2017