ВЕНГЕР ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СИ ЗАМИНЕ ОД АРСЕНАЛ НА КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА

    ВЕНГЕР ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СИ ЗАМИНЕ ОД АРСЕНАЛ НА КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТАВенгер беше назначен за тренер на Арсенал во октомври 1996 година и оттогаш со лондонскиот клуб освои три титули во Премиер лигата, вклучувајќи ја и онаа без пораз во 2004 година. (Фото: АП)

    Арсен Венгер соопшти ќе си замине од Арсенал на крајот од сезоната, ставајќи крај на 22-годишниот престој во лондонскиот фудбалски клуб. Францускиот тренер си заминува една година пред истекот од неговиот актуелен договор.

    „Чувствувам дека е вистинско време за мене да се повлечам на крајот од сезоната“, кажа Венгер.

    Арсенал се наоѓа на шестото место во англиската Премиер лига и втора сезона по ред нема да заврши едно од првите четири позиции на табелата, па единствена надеж за пласман во Лигата на шампиони следната сезона е победа во Лига Европа.

    68-годишниот Венгер беше назначен за тренер на Арсенал во октомври 1996 година и оттогаш со лондонскиот клуб освои три титули во Премиер лигата и седум во ФА купот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира