Бесплатните кондоми за учесниците на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ги снемало за рекордни три дена, објави весникот „Ла Стампа“.
„Залихите ги снема за само три дена. Ни ветија дека ќе добијат уште, но кој знае кога“, изјави еден олимпиец, кој сакаше да остане анонимен.
Тој ги обвини организаторите на Олимписките игри дека не биле особено дарежливи со кондомите.
„Во Париз, спортистите добија 300.000 кондоми, по два на ден, но бројките за овие Игри беа значително помали, ни 10.000“, објави „Ла Стампа“.
На Зимските олимписки игри се натпреваруваат нешто помалку од 3.000 спортисти, во споредба со околу 10.500 во Париз пред две години.
Гувернерот на регионот Ломбардија, Атилио Фонтана, инсистираше дека ова не е тема што треба да предизвикува срам.
„Да, обезбедуваме бесплатни кондоми за спортистите во Олимпиското село. Ако ова им изгледа чудно на некои, тие не се свесни за воспоставената олимписка практика. Таа започна во Сеул во 1988 година за да се подигне свеста кај спортистите и младите за превенција од сексуално преносливи болести“, рече Фонтана.



