ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ЉУБОТЕН ОД ТЕТОВО СТАНА ПРВАК ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИГА

    ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ЉУБОТЕН ОД ТЕТОВО СТАНА ПРВАК ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИГАЖФК Љуботен стана шампион со вкупно 55 бодови со 17 победи и четири нерешени дуели и само еден пораз. (Фото: ЖФК Љуботен)

    Екипата на ЖФК Љуботен од Тетово е првак во натпреварувачката сезона 2021/22. Тетовки вчера, во последното коло од сезоната од Првата женска фудбалска лига, како гости во Дојран, ја победија екипата на ЖФЦ СЦ Истатов со резултат 3:1.

    „Сите три голови ги постигна Присцила Едите Силва во првото полувреме, во 9., 26. и 31. минута. Единствениот гол за домаќинките го постигна Петрушевска во 84. минута“, информираа од ЖФК Љуботен.

    Екипата ја оствари целта на гостувањето кај ЖФК СЦ Истатов во Дојран, дојде до три бода и така го одбрани првото место во последното коло, на кое атакуваа уште ЖФК Тиверија од Струмица и ЖФК Каменица Саса.

    ЖФК Љуботен стана шампион со вкупно 55 бодови. Во 22-те кола, овие 55 бодови се обезбедени со 17 победи и четири нерешени дуели и само еден пораз.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира