100% ЌЕ ВОВЕДАМ ЦАРИНИ АКО НЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ ЗА ГРЕНЛАНД, КАЖА ТРАМП

    100% ЌЕ ВОВЕДАМ ЦАРИНИ АКО НЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ ЗА ГРЕНЛАНД, КАЖА ТРАМПТрамп вели дека Европа треба да се фокусира на војната помеѓу Русија и Украина, а не на Гренланд (Фото: АП)

    Доналд Трамп одби да каже дали ќе употреби сила за да го преземе Гренланд, но рече дека 100% ќе ги оствари заканите со царини ако не се постигне договор за островот.

    Запрашан во кратко телефонско интервју со „Ен-Би-Си њуз“ дали ќе употреби сила за да го заземе Гренланд, тој одговори со „немам коментар“, па продолжи за најавените царини за осум европски држави.

    100% ќе ги реализирам ако не постигнеме договор за Гренланд. Европа би требала да се фокусира на војната помеѓу Русија и Украина, а не на Гренланд“, порача Трамп.

    Лидерите на 27-те влади на ЕУ ќе се состанат на 22 јануари за да разговараат како да одговорат на заканите на Трамп за анексија на Гренланд. Тој исто така најави нови царини од 10% за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска, на што ЕУ би можела да возврати со таканаречената „трговска базука“, инструмент против економски уцени од земји кои не се членки на блокот.

    Гренланд треба да стане дел од САД за да се избегнат идни конфликти. Доколку има напад врз Гренланд, САД секако ќе бидат вовлечени, па затоа е подобро да се земе Гренланд сега, бидејќи САД се најсилната земја во светот“, вели американскиот министер за финансии Скот Бесент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира