Сомалискиот премиер Хасан Али Хаире вели дека 110 луѓе умреле од глад во еден регион во неговата земја во последните 48 часа како последица на голема суша. Тоа е првa официјална бројката на починати за време на кризата во југозападниот Заливски регион. Вкупниот број на жртви во земјата се уште е непознат.
Хуманитарните организации се загрижени дека ќе настапи широкораспространет глад во земјата. Во моментов, речиси три милиони луѓе во Сомалија се соочуваат со недостиг на храна.
Локалните медиуми јавуваат за десетици смртни случаи од колера во градот Авдинле во истиот регион. Болеста најчесто се шири поради недостиг на чиста вода за пиење.