Најмалку 25 луѓе загинаа во пожарот што уништи центар за рехабилитација од дроги во главниот град на Азербејџан, Баку.
ТВ-снимките покажаа голем пламен како излегува од прозорците на еднокатниот објект и полицијата соопшти дека пожарникарите не успеваат да го стават пожарот под контрола. Четири лица се превезени во болница, а 31 лице било спасено од опожарената зграда.
Причината за пожарот не е позната, но официјални лица кажаа дека тој, најверојатно, е предизвикан од електрична инсталација.
Местото на трагедијата го посети и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.